ЗЕКОЛИ ЗА ТАЈНИТЕ ПРЕГОВОРИ НА КОЅИЈАС СО ЗАЕВ И АХМЕТИ: ,,Авантурата” за промена на името започнала уште во 2015 година

  • January 31, 2019

Аналитичарот Арсим Зеколи во својата последна колумна за Дојче Веле ја коментира како што вели најинтригантната оставка која се случи за време на имплементацијата на Преспанскиот Договор, оставката на грчкиот министер за надворешни Никос Коѕијас. Откако даде оставка Коѕијас се ,,разборе” па во едно свое интервју изјави дека постои „вмешаноста на грчки дипломати во тpгoвиja со opгани преку издавање илегални визи за деца-имигранти без придружба”

-Сепак несомнено најинтригантната и пред нашата јавност безмалку игнорирана оставка е онаа на Никос Коѕијас, проследена со низа запрепастувачки информации изнесени од негова страна. Неразбирливо е, со или без наводници, како медиумите од регионот и Европа останаа глувонеми за исказите на Коѕијас за „вмешаноста на грчки дипломати во тpгoвиja со opгани преку издавање илегални визи за деца-имигранти без придружба”. Наводи искажани на прес-конференција, тврдејќи дека „има 93 случаи од кои некои веќе служат затворски казни”. Политичката и медиумската елита од регионот и Европа која покажа повеќе од здрав интерес за слични обвиненија поврзани со албански „жолти куќи”, одеднаш остана нема пред ваквите грозоморни тврдења на совесниот Коѕијас, вели Зеколи.

Зеколи ја потсети македонската јавност дека преговорите за промена на името започнале во 2015-та година, но дека Груевски не бил кооперативен и не се согласувал со промена на името. Затоа пак кооперативни биле Заев и Ахмети кои уште од 2015-та година се среќавале тајно со Коѕијас, преговори чиј резултат е Република Северна Македонија.

-Јавноста во Македонија, поточно кажано етно-македонската публика, остана покусо и за сведоштвата на Коѕијас дадени во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, во кое се осврна и на процесот на преговорите за спорот со името. Според информациите пренесени од медиумите на албански јазик, Коѕијас тврди дека „напорите на владата на Ципрас за спорот со името започнале во летото 2015., кога на власт сѐ уште бил Никола Груевски. Напорите не вродиле со плод.“ Преговорите тогаш започнале со лидерот на опозицијата Зоран Заев и со „Али Ахмети, природниот лидер на Албанците од Северна Македонија”. Интересно е неговото тврдење дека во тој период имал телефонски разговор со Хилари Клинтон (тогашен Државен секретар на САД), која му „сугерирала да не разговара со опозицијата на Заев и со Албанците, за да не се става Груевски под притисок”, истакнува тој.

Аналитичарот не ја заборави ниту изјавата на Коѕијас во која  тој вели дека „Али Ахмети и Бујар Османи беа нашите сојузници во преговорите. Оваа соработка со Албанците даде плодови до финалната фаза на преговорите.”

-Во продолжение на интервјуто, Коѕијас подвлекува и дека „Али Ахмети и Бујар Османи беа нашите сојузници во преговорите. Оваа соработка со Албанците даде плодови до финалната фаза на преговорите.” Разбирливата желба на Пломп-Усаид медиумите на СДСМ да ја фаворизираат месијанската улога на Зоран Заев и Никола Димитров го разоткрива мотивот за цензурирање на оваа вест низ македонските медиуми. Но тоа не е причина за непоставување неколку логични прашања: која е причината за унисоното игнорирање на вистински заслужниот фактор за постигнување на Преспанскиот Договор – а тоа е несомнено министерот Коѕијас? Зошто европската и западната дипло-политичка јавност (посебно во Германија) сесрдно и дрско ја пренебрегнуваат и кријат улогата на Коѕијас, па и на Ахмети, во постигнувањето на Преспанскиот договор и се исклучуваат од форшпанот на небулозните повици за „Нобеловштина“? Впрочем, дали потребата за закопување на Коѕијас-Ахмети не е само поради „Нобеловштината” наменета за Ципрас-Заев, туку и за градење на нивните биографии за претстојните номинации за кандидати за Водно или за, на пример, генерално секретизирање на НАТО, заклучи Зеколи.

 

Претходно «
Следно »