ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА: Бесплатни услуги и производи за туристите во Обединетите Арапски Емирати

  • July 22, 2019

Сите туристи кои ќе пристигнат на кој било граничен премин во Обединетите Арапски Емирати ќе добијат бесплатни припејд СИМ картици, наполнети со три минути разговор, пет СМС и 20МВ интернет, соопшти Сојузната управа за идентитет и државјанство.

Слична иницијатива минатиот месец е започната и во Дубаи.

СИМ картиците на почеток ќе важат 30 дена и автоматски ќе се обновуваат доколку туристот ја продолжи својата виза.

Туристичкиот мобилен пакет ќе им биде обезбеден на сите посетители постари од 18 години. СИМ картицата ќе биде регистрирана на име на туристот и веднаш ќе биде активирана.

Претходно «
Следно »