January 28, 2021, 2:10 am

Земјите членки на ЕУ не смеат сами да набавуваат вакцини, предупредува Европската комисија

Поврзано

Белоруската apмија крената на нога

Започна ненадејна проверка на подготвеноста за борба и мобилизација во вооружените сили на Белорусија, објави прес-службата на армијата на...

Евакуирана фабриката за вакцините АстраЗенека поради сомнителен пакет кој пристигна денес

Сомнителниот пакет во фабриката во Велс каде што се произведува вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 е безбеден и распоредот...

Лекар од Италија yбивaл koвид пациенти за да оcлободи кревети

Лекар во Италија бил уапсен под сомнение дека убил двајца пациенти на одделот каде што биле сместени заразените со...
- Advertisement -

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес денеска ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не се обидуваат да склучат одделни договори за набавка на вакцини, бидејќи тие со заеднички договор го пренеле тоа право на Комисијата.

-Дозволете ми да ве потсетам дека со одобрување на договорот за делегирање на преговорите за набавка на вакцината на Европската комисија, вие се согласивте да не започнувате сопствени процедури за набавка на вакцини со истите производители, им рече комесарката Киријакидес на министрите за здравство на земјите членки, разговарајќи за здравствената состојба во ЕУ преку видео врска.

Земјите-членки на ЕУ во јуни минатата година и дадоа мандат на Европската комисија да преговара и да склучуваат договори за набавка на вакцини во нивно име.

Изминатите денови е актуелна објавата на Германија дека склучила билатерален договор со „Фајзер/БиоНТек“ за набавка на дополнителни 30 милиони дози. Исто така, Кипар се обиде да склучи договор со Израел за набавка на вакцини.

-Го разбирам притисокот на јавноста во земјите членки и стравот на граѓаните, но склучување на паралелни договори само го поткопува европскиот пристап што веќе даде резултати, рече комесарката.

Европската комисија досега има потпишано договори за набавка на вакцини од шест различни производители, од кои двајца веќе се одобрени за употреба, „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“.

Вакцината се дистрибуира до земјите-членки според нивниот удел во вкупната популација на ЕУ.

Извор:МИА

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This