Зимата во пролет нема долго да трае: Во следните денови се очекува постепено затоплувањe

  • March 25, 2020
  • Коментари

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно. Ќе има и локални но релативно послаби врнежи, на пониските места поради малото затоплување снегот ќе премине во дожд или во дожд и снег.

На повисоките места и на планините пак ќе има послаби врнежи само од снег. Ќе дува умерен ветер од источен и од југоисточен правец, повремено ветерот ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, тврди Славчо Попоски.

Во Скопје и околината најпрво ќе има послаби врнежи претежно од снег, попладне и кон крајот на денот ќе има услови за повремен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Истиот повремено ќе засилува додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 5 степени.

Во текот на следните денови ќе продолжи претежно облачното време. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд кој повремено на некои места ќе бидат нешто поинтензивни, особено во јужните и во југоисточните предели. На планините ќе има врнежи од снег.

До викендот температурите ќе бележат тенденција на постепен но не многу голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, особено за викендот.

Претходно «