ЗЛАТНА ТРЕСКА ВО КИНА: Кина се приклучи на светската златната треска и ја направи најголемата резерва на злато до сега!

  • February 12, 2019

Кина се приклучи на светската златна треска, и ги зголеми резервите на злато во последните два месеци.

Резервите на злато во Кина се зголемија за 0,38 милиони унци (речиси 12 тони) од крајот на јануари односно од 59,56 колку што биле во декември 2018 година на 59,94 милиони според податоците објавени од Народната банка на Кина.

Вредноста на резервите на тој скапоцен метал достигна 79,3 милијарди долари, што е за 3 милијарди долари повеќе отколку на крајот од минатата година, рече Раса.

Во меѓувреме, кинеските девизни резерви се зголемија за 15,2 милијарди долари во јануари на 3,08 милијарди долари, скоро 6 милијарди долари повеќе од очекуваното, дознава Ројтерс.

Минатата година централните банки на светот го купиле најголемото количество злато од 1971 година, кога САД го укина златниот стандард или директната конвертибилност на долари во злато, според проценките на Светскиот совет за злато.

Централните банки откупиле 651,5 метрички тони злато во 2018 година, што е дури 74 отсто повеќе отколку во 2017 година, кога биле купени 375 тони.

Русија била најголемиот купувач, по што следеа Турција, Казахстан, Индија, Ирак, Полска и Унгарија.

Претходно «
Следно »