ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА ЖИВОТ БЕЗ СТРЕС: Неколку промени во секојдневниот живот за здрав живот без стрес!

  • August 17, 2016

Нормално е да чуствуваме стрес, човечки е. Но неможе цело време да сме под стрес, не е добро за телото и умот. Дури и на нешто како мобилниот телефон, машина, му треба пауза, му треба време да ги наполни батериите. Ако на машина и е потребна пауза и време да се наполни, исто и за луѓето
stres
И нас ни треба време да се релаксираме и да си ги ”наполниме батериите”. Во денешно време се се движи толку брзо и луѓето се фокусираат на работа и сите сакаат да успеат, но понекогаш треба да успориме и да најдеме време за самите себе.

Исклучете го телевизорот, лап-топот, телефонот. Ништо страшно нема да се случи ако еден час во денот додека сте дома не ви е телефонот во рака. Сфатете го како дигитален детокс.

Топла бања е прекрасен начин за релаксација. Додадете масла, купки, запалете ја вашата омилена свеќа… Што и да ве опушта, направете го тоа за време во бањата. Понекогаш забораваме да обрнеме внимание на самите себе, па посветете си го ова време за вас и уживајте.

Убав пијалок како чај, кафе, топло чоколадо, па дури и вода со малку лимон во неа е секогаш добра идеа. Исто и со храна. Топла супа помага да ги испоти отровите во нашето тело. Не секогаш можеме и имаме време да уживаме во оброците во денот, па затоа, одвоете еден оброк во денот каде што ќе седнете да јадете и вистински ќе ја почуствувате храната и ќе уживате во неа.

Не заборавајте да се забавувате. Без разлика дали е читање книга, играње игра, гледање филм, кога одвојувате време за забава стресот многу полесно се заборава.

Секогаш одвојте време за да го правите тоа што го сакате. Сите имаме некаква страст и нешто што не прави среќни. Не сите го имаат луксузот да го работат тоа што го сакаат, па затоа барем додека сте дома, без разлика што е, правете го тоа што го сакате. Може да е цртање, танцување, готвење, плетење… Што и да е посветете време на вашата страст во животот.

Правиот мирис може многу да опушти. Запалете ја омилената миризлива свеќа или миризливи стапчиња, освежете ја просторијата со миризлив спреј, па дур пробајте и есенцијални масла. Нанесете на вратот и зглобовите на рацете за брза релаксација.

Слушајте ја вашата омилена музика. Музика која ве опушта, ви ги оттргнува мислите од проблемите и стресот. Може да е одреден инструмент, вокал или пак природни звуци како птици, ветер, бранови и така натаму. Го ослободува умот и го опушта.

А ако ви треба малку помош, природата и животните ги лечат луѓето. Играјте си со животно, галете го па дури само да го гледате носи задоволство и среќа на душата и секако, релаксира.

Секогаш треба да најдеме време за да се релаксираме за наше добро и здравје. Сите ние чуствуваме некаков вид на стрес. Може да е дома, на работа, може и да е на училиште, во денешно време стресот доаѓа многу рано во нашите животи.
И затоа, за научиме да се релаксираме, да се ослободуваме од стресот во нашиот живот, треба најпрво да најдеме време за самите себе.

Претходно «
Следно »