ЗОРАН ЗАЕВ ДЕЛ ОД НОВ CKAHДАЛ: Власта административно бpишeлa нeвpaботени за да има со што да се пофали – за три години вработиле само 176 луѓе

  • August 5, 2019

Владата, поточно Зоран Заев ќе се најде во уште еден скандал со ширење „лажни“ вести откако пред една недела на прес конференција во владиниот прес-центар се пофали дека од доаѓањето на власт во 2017-та година, до минатиот месец – јули 2019 – власта предводена од СДСМ успеала да ја намали невработеноста на 17,8%


Невработеноста во Северна Македонија е намалена од 31% во 2013 – на 17,8% во 2019 година, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев. Тој исто така се пофали дека изминативе 2 години реализирани се скоро 50.000 нови вработувања, доминантно во приватниот сектор.

Но, бројките покажуваат дека она што го презентира премиерот на Р.Македонија не е ништо повеќе од груба манипулација во насока на политичката кампања, која полека но сигурно зема замав во пресрет на редовните избори во декември 2020. година, или евентуално предвремени избори неколку месеци претходно.

Едноставна проверка во системот на Агенцијата за вработување, покажува дкеа бројот на невработени лица во Р.Македонија од 2017.година – годината кога дојде до промена на власта – до месец јули е намалена за, ни помалку ни повеќе – 200 лица. Значи, владата успеала да направи услови за вработување на само 200 лица. Толку, ништо повеќе, ништо помалку. Двестотини лица за неполни три години власт.

Од 2017.година до 2019.година невработеноста во Македонија се намалила за 0.1%, според податоците на Агенцијата за вработување. Поточно, во 2017.година според податоците на агенцијата во Македонија имало 191837 невработени. Според податоците на истата Агенција, бројот на неварботени во 2019. се намалил на 191661 или во перидот од нешто повеќе од две години нововработени се само 176 лица. Во проценти, ова значи дека во Македонија невработеноста е на ниво од речиси 20%, бројка која останала непроменета по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

 

Бројките кои на прес-конференција во Владата ги зборуваше Зоран Заев се бројки на Државниот завод за статистика, според кои во Македонија има 171329 невработени лица. Што значи оваа разлика во бројките кај двете институции?

Ваквата ситуација може да значи само едно. Државниот завод за статистика, административно избришал 20.000 невработени (најверојатно како пасивни баратели на работа), нешто што во ниту еден случај не смеело да се направи бидејќи Заводот за статистика го брои вкупниот број на невработени без разлика на поединостите. Оттука произлегува дека во насока на водење на политичка кампања, Заводот за статистика влегол во политичка игра за креирање на политичка кампања на Зоран Заев. Секако, политичка кампања базирана на лажни информации и лажни вести, генерирани токму од владата во која шефува Заев.

Во 2019. година за прв пат во историјата Заводот за стаистика евидентира помал број на невработени од Агенцијата за вработување. Досега, токму поради методологијата на заводот да ги брои сите баратели на работа без разлика дали се пасивни или активни.

Токму Зоран Заев и СДСМ беа луѓето кои од улица бараа да се престане со праксата на „административно“ бришење на невработените лица, со цел ставање на крај на популистичките политики. Токму Зоран Заев служејќи се со лажни вести и популизам ја одржува власта во Македонија.

Трагедијата е дотолку поголема, ако се земе во предвид дека оние 176 нововработени во последните безмалку три години, се луѓе вработени токму во владата на Зоран Заев. Министри, советници, заменици, директори и секретарки.

 

A.Митовски

Претходно «
Следно »