August 13, 2020, 4:11 am

Зоран Заев – најголемото политичко разочарување во независна Македонија

Поврзано

Рekeт ја затвори Еуростандард банка?

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски,...

Џафери наредил утре да се собере Собранието за да се избере претседател?

Дадов насоки да се подготви продолжување на конститутивната седница за утре за да се избере претседател на Собранието, вели...

Зaлoжничka дpaмa во „Еуростандард“ банка во Кавадарци

Вистинска заложничка драма се случува во Еуростандард банката во Кавадараци, по информацијата дека НБРМ ја затвара банката и дека...
- Advertisement -

Популизмот е моќна политичка алатка која допира и до најтврдите „ореви“, оние кои тврдат дека не ги интересира политика. Токму ваквиот популизам го наметна Зоран Заев на политичката сцена во 2016-та година иако ги загуби изборите, за денешни услови тој освои неверојатни 430 илјади гласови од македонските граѓани.

500 евра плата, 500 километри патишта, бесплатно здравство и многу повеќе…

Многумина проблемот на малата излезеност на овие избори го гледаат во пандемијата со коронавирусот и стравот кај граѓаните да излезат на гласање, но моето скромно мислење е дека апатијата е виновникот за катастрофалната излезност на 15 јули. Страв и гнев, ова според најпознатиот и најзаслужниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон е моќниот двигател кој ги добива и ги губи изборите, но јас ќе додадам дека апатијата, незаинтересираноста и разочараноста е најголемиот непријател на демократијата во една држава и волјата на граѓаните да излезат на гласање.

Токму тоа ни се случи на 15 јули ниту една партија не успеа до тој степен да ги мобилизира граѓаните и покрај понудениот страв и гнев, СДСМ со смешните плакати дека Груевски ќе се врати во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ со реалните закани за Македонците и сето она што се уште може да се загубат ако Заев остане на власт.

Зоран Заев е најголемото политичко разочарување во независна Македонија, цврсто стојам зад своето тврдење и тој е единствената причина поради која на 15 јули околу 20 проценти од неопределените гласачи, оние кои ги одлучуваат политичките текови на секои избори, останаа дома. Овие граѓани се најзаслужни за статус квото кое го имаме денес, пата пата ситуација во која опозициските партии во македонскиот блок, Левица и ВМРО-ДПМНЕ и владеачката СДСМ од другата страна имаат ист број на пратеници.

Зоран Заев ги разочара македонските гласачи, најпрво своите, шарените и сите оние самопрогласени „граџани“ на кои им ветуваше „крв“, аспења и правда, но ги разочара и радикалните десничари со насилната промена на името, луѓе чие политичко делување изгуби смисла во ситуација во која според нив ја загубија најголемата и најважната битка, битката за сопственото име.

И сега се наоѓаме во ситуација во која сите се подеднакво разочарани, освен оние кои од власта на Заев на своја кожа почуствуваа бенефити, преку партиски вработувања, тендери и други поволности кои ги носи власта. Ваквата ситуација како што претходно напоменав не е здрава за една држава која сака да се нарекува демократија.

Сепак, Заев не спие мирно, тоа што допрва го очекува македонскиот народ, но и сите граѓани во оваа држава ќе значи општа мобилизација на секој еден граѓанин кој својот живот сака да го помине во ова парче земја.

Од септември се најавува поскапување на сметките за струја, поминаа изборите, а извршителите започнаа со работа, ги нема хуманитарните пакети на „нобеловецот од Мутрино“, наскоро ќе запрат и други социјални трансфери, фирмите после септември имаат карт бланш за отпуштање на работници, голем дел од граѓаните годишниот одмор ќе поминат во четири ѕида или гумен базен бидејќи немаат пари за да одат на одмор. Заев најавуваше и отпуштања во администрацијата.

Голема е и цената која Заев ќе треба да ја плати за да состави нова Влада, ДУИ најавуваше промена на државните симболи, знаме, грб и химна, учениците кои никако не можат да тргнат на училиште ќе треба и задолжително да учат албански јазик.

Здравствената криза од ден во ден се влошува, ако им веруваме на експертите од СЗО на есен не очекува нов пик на коронавирусот, пик кој никогаш немаше пад во Македонија туку е во нагорна линија од февруари месец кога беше регистриран нов пациент. Комисијата на Заев веројатно ќе предложи нови рестриктивни мерки кои за граѓаните ќе немаат никаква логика имајќи во предвид дека за да се мотивираат и излезат на гласање беа укинати сите рестриктивни мерки.

Да не заборавиме и на бугарските барања кои Заев допрва ќе мора да ги испорача, на штета на македонскиот народ кој треба да се откаже од Гоце Делчев, македонскиот јазик, поточно и од она малку достоинство кое му останапо три години владеење на СДСМ.

Со други зборови Македонија ја очекува „жешка“ зима, она што го гледаме во Србија, Бугарија и целиот свет, како процес не може да ја одмине нашата чудесна земја.

Мојата теорија е дека во Македонија процесите речиси секогаш доцнат, нашата држава доби Влада спонзорирана од Сорос во моменти кога истите тие Влади како крушки испопаѓаа по целиот свет. Политичката кариера на Зоран Заев е завршена, но проблемот е што никој не му кажал. Проблемот кој го има Заев го имаа и низа други негови претходници, проблем со профитери, луѓе чија слобода зависи од партијата на власт кои по автоматизам ги тапкаат „лидерите“ по рамена.

Овој систем на владеење во Македонија повеќе е неодржлив, крајот е близу, на македонскиот народ му е смачено од политичари чија неспособност ја затскриваат зад мантрата на македонските интеграции во ЕУ и НАТО. Ниту ЕУ може да не рани, ниту НАТО да не брани бидејќи како што сме тргнале сите анализи велат дека за 100 години Македонија ќе биде држава без народ, без Македонци, без Албанци. Време е сами да си изградиме држава во која сакаме нашите деца да го поминат животот. Печени сме за нов почеток, рестарт, нова Република Македонија. Ако можеле Французите толку пати, можеме и ние граѓаните на Македонија барем еднаш…

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Џафери до Пендаровски: Мандат не се дава со најави преку медиумите, мандат се дава со мнозинство во Собранието

Oткако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова Влада...

Освен премиерската функција, Ахмети ги бара ресорите за внатрешни работи и финансии, УЈП и НБРМ

Покрај барањето Насер Зибери да биде премиер во првата од четирите години од мандатот на идната влада, Али Ахмети од Зоран Заев бара и...

Рekeт ја затвори Еуростандард банка?

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за...

Одредена цената на руската вaкцина, се очекува и поевтинување со зголемување на побарувачката

Цената на руската вакцина пpoтив кopонавирус за меѓународниот пазар првично ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави претседателот на Управниот одбор на...

Над 800 лица починaлe откако пиеле средства за чистење како лeк за кopонавирус

Поради дeзинформации поврзани со новиот koронавирус во светот починaa најмалку 800 луѓе, се наведува во студијата објавена во Американското списание за тропска медицина и...

More Articles Like This