ЗОРАН ЗАЕВ НЕМА ДА ПРАВИ ВЛАДА: Влада основана на Тиранската платформа нема да се формира, ако сакате пробајте и тестирајте нѐ!

  • March 23, 2017

Денес 25-тиот ден откако излеговме на улица. Ако се сеќавате, рекоа дека на 24 март ќе формирале влада. Ние гарантираме, сите 200.000 кои излегуваат на улица, дека на 24 ти март нема да има влада качена на Тиранската палтформа, и тоа треба да им е јасно, истакна на денешниот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски.

ilievski-damovski-1-640x326

-Ние сите 200.000 по улиците, рековме и повторуваме не смее да се избере било кој претседател на Собранието на Република Македонија кој нема да се откаже од Тиранската платформа и од нејзината суштина и од тоа нè отстапуваме. Aко некој сака да не тестира нека повели. Стравот веќе не живее меѓу нас. Ние сме слободни, бидејќи лесно е да си слободен кога ја говориш вистината и се бориш за неа. Храбри сме бидејќи ни е должност и благодет да сме храбри кога се работи за најчесната од сите битки, онаа за својата држава. Нè видовте колку сме, но не знаете колку може да бидеме бидејќи ова е моментот кога Македонија се буди и вели „Доста од вашите заплашувања, уцени и потценувања. Животот ни помина веднејќи ја главата, тоа веќе не е опција, главата горе со исправена кичма и со вистината како сојузник“, вели Илиевски.

Претходно «
Следно »