ЗОРАН ЗАЕВ ОД СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА ПОВИКА НА ПУЧ: Мнозинството ќе избере претседател во оваа сала, во друга сала, на скалите на ова Собрание

  • April 27, 2017

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска од собраниската говорница повика на државен удар и избор на нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од собранискиот деловник и процедура, спротивно на Уставот.  Заев од говорницата се закани дека ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание.

zaevvvv-640x351

Мнозинството ќе избере претседател во оваа сала, во друга сала, на скалите на ова Собрание ако треба. Заврши времето кога можевте да ги кршите Уставот и законите, немате мнозинство во Собранието не сте ни 51 пратеник. Ние имаме мнозинство од 69 пратеник. Ако не престане ова насилство од малцинството во Собранието, ќе се избере спикер во друга сала“, изјави Заев.

На ваквата изјава на Заев реагираше пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој му порача на Заев да не мисли дека избор на претседател на Собрание, надвор од процедурите, надвор од оваа сала, надвор од оваа зграда, ќе е нешто што ќе направи добро за Македонија.

-Господине Заев се обидовте со убави зборови да упатите многу закани од ова Собрание. Јас сакам искрено да ве замолам да не се обидувате да го одземете основното право на пратениците на говор. Знаете зошто? Заради тоа што одземање на правото на говор на пратеник, значи одземање на право на говор на народ кој гласал- прва работа. Втора работа, да ве замолам многу искрено и многу човечки да не се обидувате да направите државен удар. Ве замолувам искрено, да не мислите дека избор на претседател на Собрание, надвор од процедурите, надвор од оваа сала, надвор од оваа зграда, ќе е нешто што ќе направи добро за Македонија. Ве замолувам да разберете дека нити тој претседател ќе биде аирлија претседател, нити таа Влада ќе биде аирлија Влада, заради тоа што на таков начин ќе ја дотолчите и ќе ја дотерате до крај поделеноста која што и ден денеска, за жал, е на високо ниво во Македонија, подвлече Димовски.

Можам да разберам, рече Димовски обраќајќи му се на Заев, дека сте под притисок на многу луѓе кои што се надеваат на функции и на позиции, но вие ја носите одговорноста.

-Затоа што ако пратениците не зборат, не дај боже, ќе дојде време народ да зборува, а тоа не е добро ни за вас, ни за нас, ни за некој друг. Тоа ќе направи најголема штета за Република Македонија, потенцираше Димовски.

Пратеникот Антонио Милошоски му порача на Заев дека доколку тој е уценет, да не ја уценува цела Република Македонија.

-Кога господинот Заев за прв пат побара збор да се обрати тука до пратениците имавме малку надеж дека ќе каже дека ја отфрли Платформата заверена во кабинет на премиер на туѓа држава. Имавме малку надеж дека ќе упати апел до пратениците до победничката коалиција да ја дадат наивната поддршка ако има желба за власт, само со цел Република Македонија да не биде уценета и редефинирана, нагласи Милошоски.

Тој на Зоран Заев му порача доколку тој е уценет да не ја уценува цела Република Македонија.

-Ако сте вие заложник на некаков направен постизборен договор или на некој судски случаи немојте Република Македонија да ја ставате во заложништво. Влогот во оваа држава на секој политичар, посебно на претседателите на политички партии е многу голем за личните амбиции, фрустрации и несотварени цели да бидат причина и повод за дополнителни ризици, нестабилност и поделба во државата додаде Милошоски.

На крајот тој рече пратенците кога говорат во Собранието говорат во името на своите гласачи, замолчување на пратеник да го оствари своето право на говор значи замолчување на народот.

„За заедничка Македонија“: Не ни помислувај да одиш против народот!

Испровоцирани од обраќањето на Заев, кој од собраниската говорница порача дека со албанските партии ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ му порача:

Заев, директно до тебе:

Не ни помислувај да одиш против народот. Не ни помислувај да одиш против Деловникот и Уставот.

А ако помислиш, ако помислиш да одиш против најголемите граѓански протести во историјата на Македонија… народот ќе зборува. Многу погласно отколку досега. Бидејќи народот е газда во сопствената држава.

Па, повели, пробај.

 

Претходно «
Следно »