ЗОРАН ЌЕ ГО КРОИ, ЗАЕВ ЌЕ ГО ТРОШИ: Правата задача на министерот Зоран ќе биде да му прави ребаланс на буџет на премиерот Заев

  • July 4, 2019

Една од првите задачи на новиот министер за финансии или лично премиерот Зоран Заев ќе биде ребалнс на буџетот. Сепак, ребалансот на буџетот беше најавуван во неколку наврати, но секој пат во различен период од годината.

Иако не е избран за министер за финансии, затоа што законите во Македонија тоа не го дозволуваат, Заев ќе го раководи овој ресор откако утре Владата на седница ќе ја донесе донесе одлуката со која ќе се пренесе правото на времено раководење со министерството до поставувањето нов министер за финасии.

Премиерот Заев вчера изјави дека негова намера е да ги носи само крупните одлуки за функционирањето на државата, додека заменичката на министерот за финансии, Ширет Елези е таа која што ќе раководи со ресорот за одлуките кој што тој ќе ги делегира.

Инаку ребалансот првично беше најавен уште пролетта, а по обелоденувањето дека тој  ќе биде иден министер за финансии најви дека корекција ќе има во октомври, за вчера повторно различно од претходните изјави кажа дека можно е тоа да се случи и порано.

Претходно «
Следно »