ЗОШТО БРАНКО ДОЈДЕ НА КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Сигурно не за да му даде поддршка на Заев, туку да ја спаси партијата од распад!

Поврзано

(Видео) Во овие 1000 проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ може да се најде секој граѓанин

ВМРО-ДПМНЕ води позитивна кампања, шири позитивна енергија и граѓаните ни возвраќаат на ист, позитивен начин. Ова го истакна кандидатот...

(Видео) Семејството на влacт нaрaчувалo на кого да му се зaпaли колата во Македонија, со такви бaндити имаме рaботa

Три години пропаганди, прикаски, вака било, така било. Но, на крај им се врати како бумеранг тоа што за...

Конечно ќе изградиме нов клинички центар во Скопје, 8-ми септември ќе биде дополнителен клинички центар и клинички болници во Штип и Тетово

Носителот на листата за пратеници од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес се обрати пред граѓаните на Општина...

Пред да се одржи Kонгресот на Социјалдемократскиот сојуз, лидерот на партијата Зоран Заев лично го замолил за поддршка поранeшниот прв човек на партијата – Бранко Црвенковски да биде присутен во салата каде што беше организиран Kонгресот и на тој начин да му се испрати порака на разединетото членство дека раководството, и покрај сите премрежиња, е обединето.

zaev-crvenkovski

Ова, според брифингот на висок партиски функционер од СДСМ за „Дневник“, е единствената причина поради која Црвенковски прифатил да се појави на Kонгресот и покрај тоа што му била јасна вистинската заднина поради која Заев одлучил да го замоли за помош.

– Не е новост нискиот внатрепартиски рејтинг на Заев, тој губи поддршка од членството континуирано особено од почетокот на политичката криза наваму. Појавувањето на Црвенковски на Kонгресот, дури и само фигуративно, значи апел до членството што не се согласува со Заев да не ~ вртат грб на партијата и да не се дозволи поради еден неподобен раководител СДСМ целосно да го изгуби кредибилитетот на највлијателна опозиција. Во секој случај е јасно – присуството на Црвенковски не значи поздрав и поддршка за чекорите на Заев – вели нашиот соговорник.

Црвенковски и Заев влегоа заедно во салата, што беше најпривлечно за камерите и фоторепортерите имајќи го предвид фактот дека јавноста е свесна оти поранешниот претседател не се согласува со потезите што ги влече актуелниот. Екслидерот на СДСМ не се двоумел да одговори позитивно на молбата на Заев, но не поради претседателскиот стол на наследникот, чија судбина ќе биде јасна веднаш по изборите.

– Појавувањето на Црвенковски во овие клучни моменти нема цел да го спасува Заев, ами распаѓањето на партијата по одржувањето на изборите – додава тој.

На Kонгресот беа присутни и членови на раководството, блиски до Црвенковски, кои беа тргнати настрана кога Заев го презеде претседателското место и повеќе не ги прифаќаше нивните сугестии, интервенции и стручна помош. Многумина од нив велат дека ниту седиштето на поранешна „Бихаќска“ повеќе не е исто, ами од самиот почеток на мандатот тој ги променил луѓето, како што велат, од обезбедувањето, па с` до протоколот, поставувајќи блиски до себе луѓе и познајници од Струмица.

Инаку, обидите да ги доведе внатрепартиските гласови на свое конто не останаа само на лични молби, ами Заев и преку медиумите – јавно му побара помош на Црвенковски, обидувајќи се да истакне дека обајцата се блиски и оти тој ги слуша советите од постариот и поискусен водач на партијата.

– Со Бранко Црвенковски на неколку месеци пијам кафе. Примам совети, сакам да учам од неговото искуство. Испраќам апел да се вгради во овој процес, да даде свој коментар, да даде перцепција. Јас ги прифаќам неговите ставови. И Црвенковски и другите луѓе од СДСМ, поранешните раководства, ги повикувам и ги замолувам да помогнат нивната партија да победи. Ние ќе победиме на 11 декември, но треба да бидеме сите заедно кога ќе победиме – рече Заев на средината на септември.

По овој повик, Црвенковски не одговараше на новинарски прашања за тоа дали и како ќе одговори. Следно беше неговото појавување на минатонеделниот Kонгрес.

Бранковистите немаат понуда, ниту ќе ја прифатат

Засега нема официјални позиции од поранешните функционери од СДСМ кои се настрана откако Заев е на власт, но неофицијално, нашите извори велат дека лично не им се понудени конкретни ангажмани за да одговорат на повикот, но нема да си дозволат враќање во игра само заради спас на Заевиот брод што тоне.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести