October 30, 2020, 12:07 pm

Зошто додавката „Северна“ е бecмиcлeна, а со тоа и името на државата?

Поврзано

Милетиќ: Како е, а како треба?

Со години ги слушам нашите политичари во Македонија како велат и се колнат на верност „НАТО, ЕУ“, а „под...

Костов: За М-А-К-Е-Д-О-Н-И-З-М-О-Т

Колумната е за ловците во матно и сеачите на магла – домашни и инострани. За оние кои со примордијални...

Аспекти на Гоце Делчев

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЈУНАК ИЛИ РЕВОЛУЦИОНЕР И ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА БУГАРИЈА, како...
- Advertisement -

Дали постои географски регион со име Северна Македонија? Не постои. Како може, тогаш, да има држава со такво име? Врз основа на што е именувана државата? Што е тука измислено? Регионот, неспорно, ама преку него и државата добива таков статус.  Во конкретниов случај, ако веќе морало да имаме додавка “северна“, би можеле да се викаме само – Република на Северот од Македонија (Republic on the North of Macedonia). Само така, името на нашата држава, кое ни го наметнаа странците преку невидена агресија ама и со наша поддршка, би имало некаква смисла или логика. Така би имале описно ама не и бесмислено име. Неспорно е, меѓутоа, дека и во двата случаи се прекинува папочната врска меѓу државата и народот, од кој таа го добила своето име. Впрочем, тоа беше и целта на нашите странски кумови – да се избрише таа врска, како би бил народот идентитетски разнебитен. (Данска, Данци; Хрватска, Хрвати; Кина, Кинези… Северна Македонија, ???).

Атина цело време условуваше со географска додавка ама ние прифативме нешто што нема врска со географијата. Со вака измислено име, не може да се замисли подобар доказ дека како нација сме нечии фабрикат. Безумностите кои сега ни ги приредува Бугарија, не треба да изненадуваат. Тие се само дел од пошироко сценарио и нова етапа од нашата финална голгота, сврзана токму со нашето измислено име.

Сегашното официјално име ништо не значи за да покаже дека и државата е измислена. Со овој потег, постигната е уште една, може да се каже уште поважна цел – и терминот Македонија, употребен заедно со синтагмата северна,  не означува никакво име. Светот секогаш работи на долги патеки: така, всушност, се реализира Лисабонската декларација, од јуни 1992 година. Според истата, не смеевме да го користиме името Македонија. Во пракса, меѓутоа, се покажа дека такво нешто не беше изводливо бидејќи не можеа да ни го оспорат тоа право. Сега, најдоа “соломонско“ решение – терминот да остане во името ама да не значи ништо. Не оставија без име и ова може да се смета како нова референца, многу пострашна од поранешната. Таа, барем, имаше своја смисла: навистина бевме поранешна југословенска, со мали букви, ама и Република Македонија. Сега… не сме ништо. Дека е ова точно ни го потврди кој друг ако не Софија. Од таму јавно порачаа дека за нив не постои наше кратко име, кое е суштинско во секојдневната употреба (никој не ја користи политичката одредница), туку дека во секоја прилика ќе бидеме – “Република Северна Македонија“. Тоа е тотална бесмислица дури и навредливо. Тие поаѓаат од фактот што и Пиринска Македонија е на северниот дел од регионот Македонија.

Географски термин “Северна Македонија“, пак, може да има само доколку има и “Јужна Македонија“ и тоа како прецизно одредени делови. Едното без другото не оди. Ако има источен, мора да има и западен географски дел. Ако едниот го нема, другиот е беспредметен. Кога се држави во прашање, исто така не може да има северна без јужна (Македонија). Ако има само една, како во нашиов случај, тоа покажува дека нешто не е во ред. Според етимологијата, најчесто нема географски додавки во имињата на државите. Исклучок се Централна Африканска Република, која е во центарот на континентот и Јужна Африка, која е, пак, на самиот југ. Тие сами си ги избрале имињата, според регионите во кои се наоѓаат и кои како такви и се означуваат. Географски ознаки имаат уште само државите Јужен Судан и Источен Тимор. По долги години на недоразбирања, првиот се одвои насилно од Судан и прогласи своја држава со тоа име бидејќи тоа навистина е Јужен Судан. Источен Тимор, пак, беше португалска колонија додека западниот дел од островот, кој е поделен, беше и остана под Индонезија. Северна и Јужна Кореја се насилно поделена држава и тие не можат да се споредуваат. Официјално, јужната се вика Република Кореја а северната е Демократска Народна Република Кореја. Северен и Јужен Виетнам веќе се обединија. Дел од државите името го добиваат од регионот во кој се наоѓаат, било да е тоа остров, полуостров, река… Држави  именувани според островот на кој се наоѓаат се Ирска, Барбадос, Малта, Маурициус, Кипар, Сингапур… Според полуостров се крстени Саудиска Арабија, Малезија, Катар… Името на река го добиле Заир, Нигер, Парагвај, Сенегал…. Горе, долу тоа се државите кои во своите имиња имаат географски елементи. Заклучокот е јасен – за разлика од нашата, географските одредници кај сите други држави имаат своја смисла.

Македонија е поширок географски регион кој е моментално поделен меѓу четири држави. Во Втората светска војна, кога се создаваше современата македонска држава, носители на проектот беа Македонците, заедно со сите други сожители. Македонците се реалност во регионот со илјадници години, почнувајќи од антиката и повеќе пати се спомнуваат и во Библијата. Нивни симбол бил најголемиот војсководител во светската историја, Александар Македонски. Кога се во прашање сегашните Македонци, тие се тука барем долги векови. Врската меѓу едните и другите секако дека постои а каква била треба да ја објаснат и прецизираат чесни и искрени историчари, какви никогаш немало многу. Во најмала рака, кога словенските племиња, кои според бројни историски факти се предци на денешните Македонци, дошле на Балканот, се измешале со домородното население кое секако имало директни врски со античките Македонци. Таа врска не може никој да ја игнорира.

И великанот Блаже Конески беше свесен за големиот историски бренд кој ние со векови го носиме и видовито и загрижено пишуваше дека – “ќе повтат да ни го земат“. Тоа и се случи. Проектот за разнебитување на Македонците, меѓутоа, не е ниту грчки ниту бугарски, иако се тие локални  извршители, туку американски и е целосно поддржан од нивните европски марионети. Се работи за балканска и европска политика на Вашингтон по распадот на Југославија. Од денешен аспект, лесно може да се заклучи дека Македонците како народ беа прифатени само како дел од југословенската федерација по Втората светска војна. Штом се најави нејзиниот распад, при крајот на 1980-тите години, веднаш започнаа подготовките на главните светски фактори, следени од соседните земји, за спречување на самостојна македонска држава која, неизбежно, ќе го афирмира македонскиот народ. На носителите на ваквите политики сосема им беше јасно дека македонизмот и македонскиот народ најлесно ќе се разнебитат со промена на името на државата. Секое име значи идентитет. Нема ли име, нема идентитет. Толку е просто. Без Франција, нема Французи, без Германија, Германци… Затоа и ни наметнаа бесмислено име. Паралелно, длабински се брише македонскиот карактер на државата, особено по 2001-та и ОРД.

Конкретно, се’ до 1988 година, во Грција беше забрането официјално да се  користи името Македонија. Тоа асоцираше на вистинските Македонци таму, кои немаат никакви права и затоа не смееше да се употребува. Тоа целосно се промени откако нивните тајни и аналитички служби, заедно со сојузничките, согледаа дека доаѓа крајот на Југославија што неизбежно значи и самостојна Македонија. Лидер беа САД бидејќи такво нешто очигледно не се вклопуваше во нивните планови за Балканот а Грција беше на правата линија на фронтот. Затоа, уште во август 1988 година, Атина донесе нова административна поделба на земјата, со која дотогашните Северни територии и Тракија беа прекрстени во Македонија и Тракија. Додатно, регионот Македонија беше поделен на три реони, од вкупно 12, именувани како Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Тоа беше основата врз која подоцна ќе се оспори името на нашата држава. Демек, тие го користат тоа име. За тоа немаше никаква правна ниту пак легитимна основа ама така диктираше агресивната западна политика. Врз таа основа, Македонија долго не беше признавана како независна држава а во ООН нелегално и насилнички и се оспори и суспендира историското и уставно име кое таа како држава го носеше веќе преку 45 години. Со новите административни единици (нешто како околии) во Грција, кои се резултат на политички одлуки, не е променета географската терминологија. Тоа, пак, нема никаква врска со нашиот дел од регионот Македонија и воопшто не имплицира дека нашиот дел може да биде “северна“. Дури кај нив да имаше и реон наречен јужна. Имињата Македонија, кои ги искористи Грција во административните единици, воопшто не го доведуваат во прашање нашето право да го користиме истиот термин. Прво, држава и административни единци се две различни категории кои не можат да се споредуваат и, второ, Македонија официјално го користеше тоа име веќе речиси пола век, што и дава апсолутна предност во изборот. Ако на југот создадеа и нова држава, не ќе можеа да го користат името Македонија бидејќи правото на тоа име веќе го имаше обезбедено нашата земја. Сите тие правни аргументи не го спречија нашето прекрстување.

За да се разберат претходните грчки и сегашните бугарски политички халуцинации, само ќе потсетиме дека е во напредна фаза сценариото кое има за цел дефинитивно затворање на “Македонското прашање“, актуелно речиси два века. Се чини дека целта е да се елиминираат Македонците како јаболко на раздорот во регионот а македонскиот бренд, можеби еден од најпрестижните во светот, да им се одземе и да се префрли во Грција. За Александар Македонски знаат или барем чуле огромен дел од светското население а ние, современите Македонци, досега бевме привилегирани со директна негова асоцијација. Познати за сите. Тоа веќе нема да се толерира. Во иднина, македонски ќе бидат само производите извезени од Грција ама не и од нашата земја.

Откако добивме географска додавка на регион кој практично не постои, станавме зомби држава. Не можеме да бидеме ниту територија бидејќи таква територија нема, а камоли држава. Ова се директни последици од договорот со Грција.

Ристо Никовски

Октомври, 2020

Latest News

Пендapoвски: Aко не добиеме пpeговори, тоа ќе биде голема гpeшка на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на отворањето на онлајн конференцијата посветена на високото образование во регионот на Западен Балкан,...

Ноле е новиот kpaл: Ѓоковиќ го cpуши pekopдот на Надал

Рекордите со кој Новак Ѓоковиќ од ден на ден ги руши нема крај, а сега на крај од годината ќе сруши уште еден. Веќе...

Цpн peкopд и во Унгарија: 65 пoчинaти oд кopoнaвиpyc вo пocлeднитe 24 чaca

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Унгарија достигна црн дневен рекорд од 65 пациенти кои починале во последните 24 часа. Бројот на потврдени случаи...

Милошоски pacпали по Костадинов: Во мај со 22 новозapaзени и 2 пoчинaти бараше ocтавка од Чулев, денес moлчи

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбик пишува дека Костадин Костадинов од СДСМ во мај со 22 новозаразени и двајца починати бараше оставка...

Бpyка – дyшaтa ja ocтавија по бoлници: Медицинckите cecтри изocтавени од нагpaдата 13 Hoември

Унијата на ЗМСТАС (Здружение на Медицински сестри, Техничари, Акушерки и Стоматолошки сестри) предводена од здружението „За нас“ апелира медицинските сестри да не бидат изоставени...

More Articles Like This