ЗОШТО ЗА ОВА СЕ МОЛЧИ: Земјите околу Русија забрзано се збогатуваат, во Македонија никој не зборува – страв од ЕУ и УСАИД?

  • May 24, 2016

Светската па и Македонската јавност не знае што се се гради во Русија, или подобро кажано, на просторот на Евроазиската економска унија.

Evroaziska_unija

Според податоците на агенцијата „Смислографија“, во 2015 година западните медиуми, како „Волстрит џурнал“, „Гардијан“ или „Вашингтон пост“ ниту еднаш не ги споменале руските проекти како што е на пример космодромот „Восточни“ или гасоводот „Снага Сибир“.
Аналитичарите на порталот „Евроазија.Експерт“, кои се занимаваат со прашањата на евроазиската интеграција, по тој повод направија инфографик кој го објавуваме со нивна дозвола. Во редовите под инфографиот проичитајте кои се тие проекти во кои Русија е ангажирана, освен потфатите за вселенското пристаниште „Восточни“, изградбата на стадионот во очи на „Мундијалот 2018“ или проектот „Снага Сибир“.

infografiK_evroazija

Кога Ерменија ги спојува Иран и ЕУ

Евроазискиот фонд за стабилизација и развој обезбеди дел од средствата за Ерменија за изградба на автопат Север-Југ, од границата со Груциза до границата со Иран. Гледано глобално, тоа е еден дел од автопатот кој во догледна иднина ќе го поврзе Иран (евентуално и Индија) со земјите на ЕУ. Автопатот со должина од 556 километри ќе го скрати патувањето низ Ерменија од 9.5 часа на 4.5 часа. Освен тоа, ќе се намали и цената на превоз на стоката. Патот се гради од бетон, а не од асфалт бидејќи според зборовите на ерменскиот претседател Сержа Саргасјан, временскиот рок на експлоатација на бетонските патишта е два пати поголем од асфалтните. Изградбата на автопатот би требало да биде готова во 2018 година.

Обнова на „смртоносните убавици“
Евроазискиот фонд исто така издвои средства за обнова на Токтогулската хидроелектрана во Киргистан. Токтогулското вештачко езеро е најголемо во Централна Азија, а хидроелектраната е изградена во советско време, и до денес е потпора на енергетскиот систем на Киргистан. Токтугулската хидроелектрана го напојува со електрична енергија речиси половина од Киргистанското население. Но експертите предупредуваа дека оваа хидроелектрана е „смртоносна убавица“ бидејќи се наоѓа на сеизмички активен регион, затоа е неопходно сериозно да се позанимаваат со нејзината технолошка состојба. Работите на обновување на хидроелектраната вклучуваат, помеѓу останатото, замена на две хидраулични турбини и генератор на електрична енергија, како и ремонт на помошните системи.

Енергетска независност на Белорусија

Русија и Белорусија заедно градат нуклеарна електрана во околината на градот Островец на северо-западот на земјата. На прв поглед, на тој начин Русија сама и помага на Белорусија да ја намали зависноста од рускиот гас. Всушност, на тој начин се зголемува улогата на двете земји на пазарот на енергенси. Имено, изградбата се финансира од руски пари, додека руската и белоруската компанија заедно ќе ја продаваат електричната енергија. По завршувањето на изградбата на нуклеарката, нејзиниот уддел во производството на електричната енергија во Белорусија ќе изнесува 40 отсто. Тоа би значело дека земјата би можела да стане најзначаен извозник на електрична енергија на пазарот на Источна Европа.

Единствена фабрика за течен гас на Арктикот Втората по ред руска фабрика за течен гас ќе се гради на полуостровот Јамал. Предивден капицетет на производство е 16.5 милиони тони годишно. Јужно-тамбејското наоѓалиште на гас е откриено уште во 70-тите години од минатиот век, но било невозможно да се експлоатира поради недостатокот на современи технологии. Во моментот на тоа наоѓалиште се направени околу 50 бушотини, а во план се повеќе од 200. „Синото гориво“ веднаш ќе се испраќа до фабриката. Во неа се наоѓаат четири резервоари за складирање на течен гас, од кои секој има запремнина од 160 илијади кубни метри, што е единствен случај кога станува збор за арктичките територии. Во Европа и земјите од Азиско-пацифичкиот регион течниот гас ќе се доставува преку танкери директно од пристаништето Сабета на полустровот Јамал.

Модернизација на железницата на истокот на Русија

Модернизацијата на двете најголеми железници, Транссибирската и Бајкалоамурската е планирана до крајот на 2019 година. Вредноста на проектот е околу девет милијарди долари. Во рамките на модернизацијата се градат и нови тунели и станици, за сега се изградени само илјада километри нови железнички патишта. Транссибирската железница е инаку најголемата во светот. Дваесет руски региони и 87 градови споени преку 9.300 километри железнички патишта. По модернизацијата на Транссибирската железница ќе може да се пренесуваат најмалку 75 милиони тони стока годишно. Тоа е исклучително важно, бидејќи според мислењето на економистите, следните 40 години токму земјите од Азиско-пацифичкиот регион „ќе ги прават главните економски трендови“. Затоа модернизацијата мора да биде завршена што порано, бидејќи како што е познато, се гради и новиот Пат на Свилата, кој во одредена смисла е конкурент на руските железници.
Експертите пресметале дека со Транссибирската железница се стигнува подалеку побргу, отколку преку било која „обиколница“. Како за пример, теретниот воз од кинеската приморска покраина Џенџанг стигнува во Мадрид за 21 ден и поминува тринаесет ипол илијади километри.

Побрз пат сепак постои? Автопат Западна Кина – Западна Европа
Моментално кинеската стока од Европа преку море пристигнува за 45 дена, преку Транссибирската железница за 15 дена, но кога ќе биде изграден автопатот Западна Кина – Западна Европа, стоката би можела да стигнува до потрошувачите за неверојатни десет дена. Автопатот поминува преку територијата на Кина (3.425 километри), Казахстан (2.787 километри) и Русија (2.233 километри). За тоа колку е важен овој проект за економијата на Казахстан, зборува само еден податок: Откако е формирана Царинската унија и започната изградбата на казахстанскиот дел на автопатот, обемот на директни странски инвестиции во индустријата за производство на градежни материјали пораснале за 88%.

​Русија планира да го започне својот дел од автопатот во 2018 или 2019 година и бара инвеститори. Иако Русија во моментов ги модернизира железницата и планира да го развива Северниот морски пат (а овие рути се наменети главно за кинеската роба), Казахстан наведува дека преку споменатиот автопат главо ќе оди стока од западна Кина, додека источниот дел на земјата и понатаму ќе биде искористен од Транссибирската железница, и еветнуално Северниот морски пат.
Во секој случај, рутата Западна Европа – Западна кина е дел од руската стратегија за развој на сообраќајот до 2030 година.

Тажен е фактот што во Македонија речиси и никој да не зборува на оваа тема, и да ги презентира овие неоспорни факти и докази за огромниот потенцијал и просперитет на овој пазар, кој во наредните 10 години се очекува да биде водечкиот економски фактор. Наместо Македонија да фати чекор со овој тренд, и да ја обезбеди својата независна иднина, тука сеуште сме под мракот на западната пропаганда и притисок!

Претходно «
Следно »