ЗОШТО КАТИЦА ЈАНЕВА САКА СЈО ДА ОПСТАНЕ?: Секретарка во СЈО зема поголема плата од обвинетел

  • May 22, 2019

Иако Синдикатот на УПОЗ и Владата на Р.С. Македонија договорија спогодбено решавање на степенот за кариера за службениците, јавнообвинителските службеници се приморани ова право да го остваруваат со поднесување на тужби до надлежните судови.

Платите на вработените во Основното јавно обвинителство се на толку ниско ниво, што според неофицијалните информации на НетПрес постојат случаи каде обвинител не зема плата колку секретарка во Специјалното јавно овинителство, а постои толку голем обем на работа, терен и дежурства за разлика од СЈО, каде истрагите се водат главно од канцеларија.

И според соопштението на УПОС потврдија дека платите на јавнообвинителските службеници се уште се под републичкиот просек и истите не се доволни за задоволување на најосновните потреби за пристоен живот.

Со измените на Законот за јавнообвинителска служба од 2015 година, поради специфичноста на работните задачи јавнообвинителските службеници добија право на додатоци на плата во висина од 35 отсто кумулативно по неколку основи, но за жал од можните 35 проценти се исплаќаат само 5 отсто.

Поради хроничен недостаток на кадар еден јавнообвинителски службеник извршува работни задачи за неколку работни позиции, не се распишуваат интерни огласи за напредување на повисоки работни места, а се повеќе недостасуваат и основни средства за работа (компјутери, тонери, канцелариски материјали и др.).

Сакаме да укажеме дека јавнообвинителската служба секогаш редовно и навремено ги извршувала своите работни задачи и е заслужна за спроведување на сите реформи во Јавното обвинителство согласно европските стандарди и барања. Од тие причини бараме во најбрз можен рок јавнообвинителските службеници да ги добијат истите права како и другите вработени во правосудството, во спротивно нашите права ќе ги остваруваме по судски пат, а ќе ги искористиме и сите со закон дадени можности за притисок врз работодавачот, изјавија вчера од УПОС.

Изминатиот период јавноста беше запознаена дека со измените на Законот за јавното обвинителство се предвидува инкорпорирање на Специјалното јавно обвинителство во системот на јавното обвинителство. Доколку ова се оствари, Синдикалната организација ќе бара јавнообвинителските службеници да ги имаат истите месечни примања, надоместоци и додатоци на плата како колегите од Специјалното јавно обвинителство, бидејќи природата на работата и работните задачи се исти.

Претходно «
Следно »