ЗОШТО МОЛЧАТ БОРЦИТЕ ОД НОБ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА: Здружението на Борци од НОБ треба да реагираат соодветно, против заедничкото славање на Илинден!

Поврзано

ЛУЃЕ УМИРААТ, ТОЈ БАРА ИЗБОРИ: Заев се зakани дека повеќе нема попуштање и дека избори ќе имало на 5 јули

Македонија се движи кон нов пик на коронавирусот додека власта предводена од СДСМ и Зоран Заев бараат одржување на...

ИЗБОРИ НА ЕСЕН: ДУИ се за избори кои би се одржале во редовен термин на есен

Избори или на 5-ти јули или редовен термин на есен, дециден е во ова Бујар Османи кој вечерва во...

ДАЛИ НЕКОЈ Е НАД ЗАКОНИТЕ : Рашковски и во Струмица повторно без маска на лицето!

Анонимни читатели денеска ни испратија неколку фотографии на кои се гледа дека генералниот секретар на владата Драги Рашковски е...

„На неполни три недели пред 2 август ( Илинден) и најавеното заедничко славење на темелите на македонската држаност, како и во „очи“ на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, граѓаните на Република Македонија немаат никакви информации од страна на Владата за тоа што содржи истиот.“- ова денеска пред седиштето на Борците од Народно ослободителната борба пред медиумите го изјави потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов.

 

Понатаму Пренџов истакна дека сите информации кои македонската јавност ги добива се официјалните изјави на поранешниот министер за дијаспора во Бугарија Божидар Димитров, и поранешниот претседател на Република Бугарија Петар Стојанов, додека кај нас нема никаква општествена дебата по однос на ова битно национално прашање.

-ГРОМ постојано предупредува, дека за ваков договор од национално значење е нужно да бидат запознаени граѓаните на Република Македонија, научната јавност, како и пратениците од власта и од опозцијата, впрочем, како што се запознати бугарската јавност и бугарските пратеници. ГРОМ го повикува Сојузот на борците од НОБ 1941-1945 година, да се произнесе околу предвидениот договор за добрососедство со Бугарија. Борците од НОБ се камен – темелник врз кои е основана македонската држава. Тие како живи сведоци на најсветлата историја се должни да се вклучат во општествената дебата за тоа дали Бугарите беа окупатори и фашисти или „ ослободители“ на македонскиот народ? , потенцираше потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов.

Во овој контекст, продолжи Пренџов сакаме да потсетиме на острите реакции од страна на борците на НОБ при обидот за заедничко славење на Илинден и потпишување на заедничка декларација од страна на владите на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

– Ова не се настани кои се случени пред неколку векови, туку ова се настани случени пред неколку децении. Директните искуства и сведоштва на борците од НОБ можат многу да помогнат во разјаснувањето на историските факти и вистини, категоричен беше Пренџов.

Актуелно

НЕ СЕ 67 ТУКУ 76 НОЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Дури 52 се од Скопје!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи...

И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на...

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа на скандалозни тврдења. Јанева во своето...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

Повеќе вести