ЗОШТО СДСМ ГО „OTKAЧИ“ ПРИБЕ: Веќе не им oдгoвapaaт препораките на Прибе, па сега нe се ни важни

  • October 7, 2019

Реформата на безбедносните служби од страна на оваа Влада деновиве е сериозно предизвикана од повеќе фактори во јавноста. Примерите за непочитувањето на принципите на соодветна етничка застапеност, конфликтот на интереси, силните партиски конекции, роднинските врски се само дел од фактите за одглумениот ветинг на вработените во АНБ. Круна на ваквите тврдења во јавноста е признанието на директорот на АНБ Викторио Димовски кој на новинарско прашање призна дека најмалку две законски одредби не се испочитувани при процесот на селекција на вработените од старата УБК во новата АНБ. Дополнително, според дописот на првата антикорупционерка до АНБ јасно им било наведено дека: Доколку во иста институција се вработат лица од едно семејство имаме состојба на судир на интереси, која што влијае врз непристрасноста при вршење на службената должност на тие вработени лица. Исто така оваа состојба не е во согласност со начелото на интегритет бидејќи може да има влијание од аспект на семејни врски помеѓу тие вработени.

Не се во целост земени во предвид ниту законските одредби за дел од лицата кои се превземени, а имаат двојно државјанство, ниту пак оние кои имаат брачни другари или членови на потесно семејство кои се вработени во странски амбасади.

Правните последици од вака лошо спроведената селекција ќе значат изгубени судски процеси против државата од секој оној што не бил избрам да влезе во АНБ, но и од секој што подлежел на некаква безбедносна проверка од вработени во АНБ кои не биле соодветно превземени на работа.

Освен фактот што изборот на вработени во АНБ, кои не ги исполниле законските услови да работат во АНБ, се јавуваат како подносители на известувањето за безбедносни проверки до ДБКИ, дополнително, самите вработени кои ја извршиле безбедносната проверка и нивните претпоставени кои ја одобриле и го испратиле известувањето, немаат решенија како овластени лица бидејќи се уште не се распоредени затоа што не е донесена систематизацијата на работните места.

Овој правен хаос, кој Владата и раководството на АНБ се обидуваат да го затскријат, се повеќе излегува на виделина од повеќе страни. Одбиените кандидати за влез во АНБ не се писмено известени за одбивањето туку усно и телефонски. Роковите за жалба и постапката во овој случај во законот за АНБ се јасни и оттука е уште повеќе станува јасно дека стравувањето од правни последици значи купување на време од директорот Димовски со афирмативни изјави во јавноста помогнати од владината ПР машинерија. Тргањето на проблемите под тепих засега се чини изводливо, но сепак лицата кои не се дел од АНБ еден ден ќе мораат да добијат писмени решенија за таа одлука, согласно што имаат правни лекови. Истото се однесува и за лицата кои сега се елиминираат со наводни негативни безбедносни проверки. Ниедни наводни насоки од НАТО, за кои нема никаков конкретен писмен траг, за оваа брутална елиминација на сите политички некомпатибилни лица во безбедноста нема да биде доволен судски аргумент за самоволието врз стотици припадници на македонските безбедносни служби.

Ваквиот хаос во безбедноста е овозможен од Заев и СДСМ, креиран директно од Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, а спроведен преку неколкумината тврди партиски играчи како Димовски, Ременски, Муслиу и Славевски.

Претходно «
Следно »