ЗОШТО СЕ ВОВЕДУВА ДВОСМЕНСКО РАБОТЕЊЕ ВО ГРАДИНКИТЕ: Заев и Царовска треба да ги вработуваат партиските војници, па воведуваат уште една смена во градинките!

  • August 18, 2017

Место ветувањата за повисоки плати и многу други работи кои граѓаните ги чекаат за подобрување на својот живот, новата Влада на СДСМ носи реформи кои значат партизирање на институциите, една од тие е воведувањето на двосменско работење на градинките, оваа промена ќе значи нови вработувања во градинките, иако СДСМ цело време зборуваше дека државните институции имаат преголем број вработени.

Согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот.

– Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи, напомена Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.

Досегашното работно време на градинките беше од 6:30 до 18 часот во најголемиот дел од нив, што според родителите беше сосем одлично бидејќи можеа да ги однесат своите деца и на време да стигнат на работа, како и после работа да можат да ги земат.

Очигледно е дека најновата промена ќе значи вдомување на партиски кадри, кои директно ќе одрази врз буџетот и џебот на граѓаните.

Граѓаните коментираат дека се гледа заднината на оваа промена и дека целта е партизирање на градинките, бидејќи двосменското работење секако ќе треба да значи вработување на нови лица во градинките.

Инаку од ВМРО-ДПМНЕ и порано обвинуваа дека единствена цел на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев е брутална партизација на институциите. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш обвинија дека вработувања се спроведуваат без никакви огласи и без почитување на постапките, процедурите и критериумите. Како што кажаа тие на овој начин започна да се спроведува најголемиот и единствен проект на Зоран Заев и СДСМ за брутална партизација на сите државни институции.

-СДСМ и Зоран Заев наместо професионални и квалитетни решенија, во државните институции вработуваат партиски кадри кои што одработуваа сценарио за оцрнување на предходната власт и уништуваа јавен имот. Сите граѓани што поверува на СДСМ и на нивните зборови за транспарентност и професионалност се класично излажани и на дело ја гледаат партизацијата на сите државни институции на Република Македонија. Ова не е животот којшто го очекуваа граѓаните, а го ветувааше СДСМ, кажаа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се разочарани што Владата место да се фати за работа и да почне да ги решава клучните нивни проблеми, тие се занимаваат само со вдомување на своите партиски војници. На сметка на овие партиски вработувања, граѓаните се уште ги чекаат повисоките плати, пензионерите го загубија зголемувањето на своите пензии, кое сега наместо 5 проценти, ќе биде само еден процент.

Претходно «
Следно »