May 16, 2021, 10:19 am

Зошто треба секој ден да јадете јагоди?

Поврзано

- Advertisement -

За многумина, јагодите се омилено пролетно овошје. Освен што се слатки и миризливи, јагодите се богати со влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум. Содржат и железо, бакар, магнезиум, селен и витамини.Редовната консумација е поврзана со здраво ниво на шеќерот во крвта. Без сомнение треба да ги воведете секој ден на менито, барем во овој период додека се достапни на пазарите и маркетите.

1. Можат да ја подобрат работата на срцетоСтудија објавена во магазинот Journal of Molecular Sciences вели дека со секојдневното консумирање намирници богати со витамин Ц, како јагодите, може да го подобрите здравјето на кардиоваскуларниот систем.

2. Го чуваат здравјето на мозокот

Научниците велат дека јагодите се одговорни и за намаленото пропаѓање на мозокот, а можно е за тоа да се одговорни флавоноидите коишто се наоѓаат во нив, а имаат антивоспалителни својства и штитат од рак.3. Го подобруваат варењето на храната

Една шолја јагоди содржи околу 3 грама влакна кои се важни за дигестивниот систем и цревата, па штитат од опстипација.

4. Помагаат во зачувување на видот

Јагодите помагаат во превенција на старосна макуларна дегенерација, најчест причинител на слепило кај повозрасните лива. Истражување покажа дека со секојдневна консумација на три или четири овошки можно е да се намали ризикот од макуларна дегенерација за повеќе од 36%.

Колку повеќе јагоди јадете, толку поздраво ќе биде вашето тело.

Latest News

Дo кoгa миcлaт Спасовски и Заев дa мoлчaт зoштo мy дaлe пoлициcкo oбeзбeдyвaњe нa kpиминaлeцoт Седат Пекер?

До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?! Полициско обезбедување...

More Articles Like This