September 24, 2020, 9:08 am

Зaбоpaвeтe на „Виз Ер“ во наредните 5 месеци – Еве ја нивната одлука за cуcпeндиpaњe на летовите

Поврзано

Дeнecкa пoчнyвaaт зaвpшнитe збopoви зa „нacилcтвo вo Цeнтap“

Поминаа повеќе од 3,5 години од првото закажано рочиште за предметот „Насилство“ или познат како „Шамарите во Општина Центар“,...

Koвид-19 нajвaжeн пpeдизвик за дpжaвaтa вo cлeднитe мeceци

Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните...

Bлaдиниoт кaбинeт кoмплeтиpaн, кoи ce 16-тe зaмeници миниcтpи?

Со потребното мнозинство од 62 гласа, Собранието ги изгласа новите заменици министри во Владата. Башким Хасани, е избран за заменик...
- Advertisement -

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, која има голем број бази на територијата на поранешна Југославија, вклучувајќи ја и нашата држава, очекува ограничувањата за патувања и забраните за влез воведени од владите без претходно предупредување, да влијаат на неговата работа во наредните пет месеци. Како што пренесува порталот exyuaviation.com, превозникот е принуден привремено да суспендира над дузина рути од Скопје, Белград, Тузла, Охрид, Приштина и Подгорица, поради ограничувањата за патување наметнати на државјани од овие пазари од други европски држави.

-Во претстојниот период од пет месеци ќе има многу неизвесности и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во прилагодувањето кон новите мрежни рути и прилагодувањето на капацитетот, вели извршниот директор на „Виз ер“, Јозеф Варади.

Тој истакнува дека неговата авиокомпанија веќе почнала со стратегија за ублажување на ефектите од пандемијата. Ги наведува проширувањето на флотата „ербас А321“ во Белград, воспоставувањето на прва руска база во Санкт Петербург заедно со рестартирање на базата во Киев, лансирањето на 14 нови рути меѓу Украина и Италија, продолжувањето на летовите од пазарите како што се Унгарија и Македонија, како и потфатот кон Блискиот Исток.

Во наредниот период, „Виз ер“ планира да лансира девет нови рути од Белград, да ја воведе својата прва годинешна услуга за Хрватска и да почне со нови летови за Црна Гора.

-Имаме кастрење на капацитетите на постојните пазари, но истовремено создадовме и нова мрежа на рути и оперативни бази, така што отвораме шест или седум нови бази исто како што рековме, вели Варади.
Авиокомпанијата сега лета со 77 отсто од нивото во 2019 година. Превозникот истакна дека дури и со коронавирусот, се очекува да го зголеми својот капацитет за приближно девет проценти оваа година.

-Најлошата состојба за нас е кога не работиме. Во моментот кога работиме, работиме само врз основа на паричен придонес. Треба да ги водите вашите деловни активности на долг рок и ликвидноста и готовината се клучни компоненти на вашиот деловен модел. Сите знаеме дека кај летањето на кратки дестинации преовладува најниска цена, а сега ние сме со најниска цена, така што мислам дека нашата конкурентна позиција штотуку се подобри, изјави Варди коментирајќи ја стратегијата на „Виз ер“, која многу се разликува од нејзините конкуренти за време на актуелната криза.

Тој додава дека пред десет години кога последната економска криза го погоди светот, едноставно не биле доволно силни и не биле доволно големи за да ја искористат ситуацијата. Сега вели дека имаат финансиски капацитет да обезбедат корист и да бидат еден од победниците во оваа ситуација.

Latest News

Дeнecкa пoчнyвaaт зaвpшнитe збopoви зa „нacилcтвo вo Цeнтap“

Поминаа повеќе од 3,5 години од првото закажано рочиште за предметот „Насилство“ или познат како „Шамарите во Општина Центар“,...

(Фото) Жaлocнo: Мaлo мoмчe co гaлeњe ja ycпoкoјувa cecтpичкaтa бoлнa oд pak

Мајка сподели трогателна фотографија, која ги покажува последиците од ракот. Емотивната фотографија го прикажува нејзиниот мал син како ја гали неговата сестричка која се...

Заев не се појави на cyдeњeтo пpoтив Александар Николоски, рочиштето одложено

Зоран Заев не дојде на рочиштето закажано по негова тужба за клевета и навреда во Основниот суд во Скопје против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар...

Соседите плакнат очи: Дара Бубамара и на тераса се шета по градник (фото)

По серијата жешки фотографии од Монте Карло, Хрватска, Грција и Малдиви, Дара Бубамара објави и жешка фотографија од тераса. Откако неодамна возеше во автомобил „Ферари“,...

Пpвпaт цpнoгopcки пpeтceдaтeл дa бojкoтиpa кoнcтитyтивнa ceдницa

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја бојкотираше вчерашната конститутивна седница на Собранието на Црна Гора. Тоа е првпат од прогласувањето на независност, но и во претходниот...

More Articles Like This