ЗAГPИЖУBAЧKA БРЗИНАТА СО КОЈА СЕ ШИРИ ЗAPAЗАТА: Првпат поголем број новозapaзeни надвор од Кина отколку во неа

Поврзано

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше...

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈА: Пoлицaeц нaпaднa тинејџер поради овие негови зборови

Во Австралија се појави видео снимка на која се гледа како полицаец фрла едно момче на под, кое е...

ЗА ВРЕМЕ НА ПPOТECТИТЕ ВО САД: Уaпceни се повеќе од 5.600 луѓе поради дecтруктивнoтo однесување

На протестите во САД за една недела се уапсени повеќе од 5.600 луѓе поради кражби, блокирање патишта и кршење...

Денеска има повеќе новозаразени со коронавирус надвор од Кина отколку во неа, што е голем пресврт во меѓународното ширење на ковид-19, пренесува Светската здравствена организација.

Нови случаи на коронавирус се појавуваат низ цела Европа. Десетиците заразени во Иран предизвикуваат страв од неконтролирано ширење низ Блискиот Исток. Американските власти соопштија дека не е прашање дали, туку кога вирусот ќе се појави и во САД. Во Кина, пак, епидемијата забавува, вели Њујорк тајмс.

За првпат, повеќе новозаразени се пријавени надвор од Кина отколку во неа, што е голем пресврт, соопшти Светската здравствена организација.

Кинеските власти во вторникот објавија 411 нови инфекции; во остатокот на светот, бројот беше 427. Вкупниот број на заразени на светско ниво сега достигна 80.980, а скоро 3.000 починаа.

Денеска први случаи на заразени со коронавирус пријавија Македонија, Грција, Грузија, Финска, Пакистан, Бразил (прв случај во Латинска Америка)…, а во Италија почина дванаесетти пациент.

Во своето воведно излагање во брифингот за ковид-19, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на СЗО, рече дека се чини дека забавува стапката на нови инфекции во Кина, каде што почна епидемијата, додека расте бројот на земјите што се во рана фаза на епидемија.

„Вчера, бројот на нови случаи пријавени надвор од Кина првпат го надмина бројот на новите случаи во самата Кина. Ненадејните зголемувања на бројот на заразени во Италија, Исламска Република Иран и Република Кореја се длабоко загрижувачки. Сега има случаи поврзани со Иран во Бахреин, Ирак, Кувајт и Оман. Случаи поврзани со Италија има во Алжир, Австрија, Хрватска, Германија, Шпанија и Швајцарија.

Вчера, во Рим пристигна заеднички тим од СЗО и Европскиот центар за спречување и контрола на болести за да ги разгледаат донесените мерки за јавно здравје и да обезбедат техничка поддршка. Тим на СЗО ќе патува за Иран овој викенд за да даде помош.

Зголемувањето на бројот на заразени надвор од Кина поттикна некои медиуми и политичари да вршат притисок да се прогласи пандемија. Не треба да бидеме премногу нестрпливи да прогласиме пандемија без внимателна и разумна анализа за фактите. СЗО веќе прогласи јавноздравствена тревога на меѓународно ниво – нашето највисоко ниво на тревога“, рече Гебрејесус.

Актуелно

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по населби статистиката е следна: Чаир –...

Повеќе вести