December 9, 2021, 11:20 am

Зaнaeтчиcкa кoмopa: Финaнcиcкaтa пoмoш зa плaтa зa октомври ce yштe нe e иcплaтeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Занаетчиска комора на Република Македонија реагира поради тоа што ветената помош од Владата, односно четвртиот сет мерки, односно финансиската помош за плата за октомври се уште не е исплатена на сметките на занаетчиите.

„Занаетчиите имаат намален обем на работа, особено во овој период така што единствен излез и решение им е помошта од државата која ќе спречи затворање на голем број занаетчиски дуќани. Исто така, со оваа помош ќе се спречи зголемување на невработеноста. Сепак и покрај одобрените апликации на занаетчиите, финансиската помош од Владата се уште нема стигнато на нивните сметки, додека пак помошта за плати на други фирми за месец октомври веќе е исплатена“, велат од Комората.

Тие наведуваат дека уште еден проблем со кој се соочиле занаетчиите е тоа што почнале да им стигнуваат опомени за неисплатена плата за месец октомври од УЈП затоа што рокот за исплаќање на плата според законските регулативи е 15 ноември.

„Најголем дел од занаетчиите не се во можност сами да ја исплатат платата. Освен тоа веќе имаат потврден одговор на апликацијата што ја поднесоа за помош од државата. Тие сметаа на оваа помош која засега не ја добија.

„Ние како Занаетчиска комора на РСМ будно ја следиме ситуацијата и сме информирани дека сите сите фирми што се фискализирани ги имаат добиено овие средства ги имаат добиено помошта од државата освен физичките лица што вршат занаетчиска дејност.. Во комуникација со сите Регионални комори информирани сме дека ниту еден паушално оданочен занаетчија ја нема добиено финансиската помош од четвртиот сет мерки од Владата. Очекуваме одговор и дејствување од Владата, надлежните министерства и Управата за јавни приходи за да се реши овој проблем во најкраток можен рок“, велат занаетчиите.

Latest News

Најмоќниот човек во Европа: Марио Драги

Италијанците не се навикнати нивните премиери да се задржат на позицијата подолго време, но многумина се надеваат дека Марио...

More Articles Like This