Зaтвopoт во Штип клacтep на кopoна, зapaзени cтоматолог и лекap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Позитивни на коронавирусот се лекарот и стоматологот, кои работат во затворската амбуланта во Затвор-Штип. Заразени се од осуденикот, кој минатата недела беше првиот потврден случај во оваа казнено-поправна институција.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров рече дека денеска на двајца вработени од Затвор-Штип им е закажено тестирање, а како што вели по контакти, кои не ги откриваат и резултатите ќе ги чека. Деветмината осуденици, кои се изолирани по контактите со заразениот осуденик немаат никакви симптоми и се во добра здравствена состојба, а дополнително се ставени уште две осудени лица кои имале контакт со стоматологот, кој еден ден пред да му се појават симптомите на заразениот осуденик, му вадел заб.

-На истите од страна на вработени лица во Затвор-Штип им се врши мерење на телесната температура. По извршената епидемиолошка анкета од страна на доктори од Центарот за јавно здравје и дадената насока за задолжително тестирање на докторот, стоматологот и на медицинскиот
техничар, позитивни на коронавирсот се докторот и стоматологот, додека медицинскиот техничар е негативен, вели Тодоров.

Постојано се врши дезинфекција во затворскиот простории, а здравствената состојбата на изолираните осуденици ја следи медицинскиот техничар и тим од Итната медицинска помош од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип.

Latest News

Изреал повторно бомбардира во Либан

Израелски борбени авиони извршиле два напада врз цели во предградие на либанскиот град Махмуд, околу 12 километри од израелската...

More Articles Like This