January 23, 2021, 8:13 am

Иванка Тpaмп сослушувана поради зл оупотреба на средства

Поврзано

Членови на тимот на Бајден преговарале со претставник на Иран додека Трамп бил се уште претседател

Членовите на тимот на новиот американски претседател Џо Бајден преговарале за нуклеарен договор со Иран додека мандатот на Доналд...

Американската амбасада во Русија повикува на точни места на незакажани и нелегални протести

На веб-страницата на американската амбасада во Руската Федерација се појави список со места за собирање нелегални протести на приврзаниците...

Пресуди за шверцерите на убиените 39 виетнамци во контејнер на камион во Англија

Четворица шверцери на луѓе се осудени за убиство на 39 лица од Виетнам, кои загинаа на задниот дел од...
- Advertisement -
Ќерката и советничка на претседателот на САД, Донал Трамп, Иванка, била сослушана под заклетва во рамките на граѓанска парница, која се однесува на злоупотреба на непрофитни средства за инаугурација на нејзиниот татко пред четири години.
Канцеларијата на државниот обвинител, во округот Колумбија, Карл Расин, открил во вторникот во судскиот запис, дека излагањето е објавено истиот ден, пренесува „Ројтерс“.
Во тужбата од јануари 2020 година, Расин тврди дека фирмите за недвижности на Доналд Трамп и други субјекти, злоупотребувале непрофитни фондови, за да го збогатат семејството Трамп.
Според тужбата, непрофитната корпорација е ослободена од данок под името „58. претседателски основачки комитет“, координирано од семејството Трамп, со цел значително да преплати простор за одржување на настани во хотелот „Трамп интернешонал“, во Вашингтон.

Во еден случај, непрофитната организација наводно платила повеќе од 300.000 долари за одржување на приватниот прием во хотелот на Трамп, за неговите три најстари деца, Доналд помладиот, Иванка и Ерика, на инаугурациската вечера на 20. јануари 2017 година.

„Окружниот закон налага, непрофитните организации, своите средства да ги користат за свои јавни цели, а не во корист на приватни лица или компании“, изјавил Рацин, претходно оваа година.

Расин преку тужбата сака да го врати милионот долари, кои наводно бил насочен директно во семејната фирма на Трамп.

Портпаролот на Белата куќа не одговорил веднаш на барањето за коментар. Основачкиот одбор тврди дека неговите финансии биле независни и дека сите пари биле потрошени на законски начин.

Latest News

Шилегов се пpaвда, не бил скapaн со 3aeв и ќе бара поддршка за втор мандат

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во вечерашното издание на „360 степени“ рече дека планира повторно да се кандидира...

More Articles Like This