Ивановска: Кулите кај „Холидеј Ин“ се договорена зделка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, истакна дека јавниот интерес е сериозно загрозен на сметка на личниот интерес на поединци, кои без право се стекнаа со право, откако Општина Центар поднесе елаборати за суспензија на ДУП-от до Министерството за транспорт и врски, но од таму возвратија дека елаборатите биле несоодветни, пренесува Фокус.

-Ова што се случува упатува на заклучок дека во отсуство на меѓуинституционална соработка, како и недоволно сериозен и професионален пристап на одговорните од општината, кои според Министерството за транспорт, погрешно ги подготвиле елаборатите, јавниот интерес на граѓаните е сериозно загрозен на сметка на личниот интерес на поединци, кои без право се стекнаа со право – рече Ивановска.

Според неа, формално се бара суспензија за пред јавноста, додека во суштина, додава таа, се прават намерни пропусти колку да поминат веќе договорените зделки.

-Доколку вистински се сака да се утврдат слабостите на спорниот план, треба да се пристапи кон точно и прецизно подготвување на елаборатите и суспендирање на ДУП-от. Последиците од одлуките кои сега се носат ќе натежнат врз многу идни генерации – истакнува претседателката на ДКСК.

Latest News

(Видео) Нoв пoжaр избувнa во близинa на ГП „Бoгoрoдицa“ – пoжaрoт се шиpи во пpaвeц на грaничнaтa кaрaулa на АРМ и хoтeлoт „Флaмингo”

Попладнево околу 13 часот изби пожар на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица. Пожарникарски екипи од ТППЕ...

More Articles Like This