ИВАНОВСКИ: Договорив донациja на маски од Кина, потребно е само да се контактира кинеското МНР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филип Ивановски, млад Македонец кој има завршено магистерски студии на Универзитетот во Торонто и во 2014 година бил дел од канадската делегација на Самитот за Економска Соработка на Азија-Пацификот во Пекинг, тврди дека преку свои лични контакти договорил донација на најмалку 100.000 заштитни маски од НР Кина.

Изминативе денови остварив интензивна комуницикација со мои пријатели од Кина, кои воедно се и видни граѓани на оваа држава и можат во овие тешки моменти да ѝ помогнат на Македонија во справувањето со коронавирусот. Конкретно, се работи за фабрика во градот Хангжу во источната кинеска покраина Жеџијанг. Фабриката е во државна сопственост, поседува национална дозвола за производство на медицински маски за лице и сите нивни производи се проверуваат строго според меѓународната сертификација за производи. Името на фабриката нема да го спомнам од разбирливи причини, но нејзиното раководство е спремно во секој момент да донира најмалку 100.000 заштитни маски за Македонија, изјави младиот Ивановски.

Според нашиот соговорник, постојат четири вида на маски кои ни се нудат и тоа за еднократна лична употреба, за еднократна медицинска употреба (ЦЕ сертификат), за еднократна медицинска употреба (ФДА сертификат) и КН95 маски за повеќекратна медицинска употреба (ЦЕ + ФДА). Сепак, за оваа донација да се реализира потребно е нашето Министерство за надворешни работи да иницира соработка со кинеското МНР.

За донацијата да се оствари неопходно е прво нашето МНР да стапи во контакт со своите кинески колеги и официјално да достави барање за донација во форма на медицинска помош. Од тој момент па натаму, кинеските власти ќе ја организираат пратката до скопскиот аеродром. Од еден ваков чекор немаме што да изгубиме, а можеме многу да добиеме особено ако кризата со КОВИД-19 продолжи да се развива во негативна насока, заврши Ивановски.

Добрo познато е дека откатко се појави новиот коронавирус, граѓаните почнаа масовно да купуваат заштитни маски, па набрзо во голем број држави ги снема од полиците во аптеките. Онаму каде ги има, честопати може да се забележи дека се продаваат повеќекратно поскапи од пред почетокот на епидемијата.

Младиот Филип е активен во политички дискусии и дебати за надворешни односи и меѓународна трговија, пишува колумни и е дел од идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК.

Останува да видиме дали македонското МНР ќе одлучи да постапи по зборовите на нашиот соговорник и ќе достави официјално барање за помош од НР Кина. Други земји од нашиот регион како Србија веќе се одлучија за ваков чекор и експресно добија помош со експерти и медицинска опрема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This