ИВАНОВ ВО ПАРИЗ ПО ПОКАНА ОД МАКРОН: На 11.ноември претседателот Иванов ќе присуствува на светската прослава по повод од 100-годишнината од завршувањето на Првата Светска војна

  • November 8, 2018

По покана од францускиот претседател Емануел Макрон, шефот на државата Ѓорге Иванов, в недела, 11 ноември, во Париз ќе учествува на светската прослава посветена на одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Претседателот Иванов во текот на денот ќе учествува и ќе се обрати на еден од панелите на конференцијата насловена како Париски мировен форум.

На манифестациите во Париз ќе учествуваат претседатели на држави или влади на над 60 држави од светот.

Поканата за претседателот Иванов има посебно значење, зашто со овој гест и Република Македонија се вбројува во редот на државите, кои ги почувствувала ужасите и страдањата на војната, иако во тој период не била држава. Но, на нејзината денешна територија се протегал дел од познатиот солунски или македонски фронт, чие пробивање во август-септември 1918 година го забрзал процесот на завршување на Првата светска војна.

Претходно «
Следно »