ИВАНОВ ЈА РАСИПА „КАЛИМЕРАТА“ СО ВЛАДАТА: Иванов под импресија на СДСМ по секоја цена сака да влезе во конфликт со Владата!

  • August 18, 2016

За познавачите на состојбите во АРМ и во македонската одбрана денешниот говор на Иванов покажува слабост на претседателот кон критиките од опозицијата дека тој не е самостоен. Тој избрзувајќи по секоја цена наоѓа начин и изговори да влезе во конфликт со македонската влада со цел да ги елиминира критиките, што за експертите преставува личен момент на слабост.

Gjorge-Ivanov_sednat
Не задржувајќи се на фактите Иванов го прескокна неопсорниот податок дека секогаш кога станува збор за големи непогоди невремиња од катаклизмичен карактер, без исклучоци насекаде реагирала армијата. Тоа е пример во нашата но и во сите други земји. За волја на вистината АРМ не се вклучи со некои посебни ресурси кои би преставувале посебен трошок, туку пред се со работна сила односно употребувајќи го човечкиот ресурс, пред се искуство, спремност и професионалност. Самите познавачи ја поставуваат дилемата за какви трошоци на АРМ односно ресурси потрошени во поплавата зборуваше Иванов, освен личниот ангажман на војниците и старешините и ангжираната работна сила.

Познавачите на политичките состојби коментираат дека во вториот мандат на Иванов, кога веќе толку не му е важна поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат имајќи ги во предвид уставните ограничување за не повеќе од 2 мандати, неоспорен факт е дека Претседателот Иванов во првиот мандат на памет не му паѓаше вака да се однесува со владата без чија поддршка невозможно ќе беше да победи на изборите. Пресметливата стратегија на Иванов е видлива.

Сака да се прикаже во друго поинакво светло на крајот од неговото претседателствување, а веројатно не би ја криел ниту среќата ако владата јавно се скара со него. Така размислува тој, а дали е тоа паметно и дали е коректно кон ВМРО-ДПМНЕ после се она што го направија за него е сосема друга тема додаваат експертите.

Претходно «
Следно »