ИВОР МИЦКОВСКИ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА: Критичките статуси за власта го чинеа Ивор Мицковски отказ од Телма?!

  • February 4, 2019
  • Коментари

Новинарот Ивор Мицковски повеќе не работи во Телевизија „Телма“. Извори за Република велат дека од Ивор било побарано да намали со политички статуси против власта, доколку сака да продолжи неговиот ангажман во телевизијата. Поранешниот функционер во СДСМ во последниот период е еден од главните критичари на политиката на премиерот Зоран Заев. Токму тоа го чинело прекин на работниот ангажман.

Заев зборуваше за демократија, за слобода на медиуми, а секој новинар од медиум контролиран од владата што ќе се осмели да ја критикува нивната политика завршува на улица – коментира извор на „Република“.

„Република“ побара одговор од Ивор за тоа дали неговите фејсбук статуси се причината поради која повеќе не е новинар во овој медиум, но засега тој не одговара на телефонските повици. Во „Телма“ неодамна беше издадена наредба дека вработените не смеат да пишуваат политички фејсбук статуси, но по бурната реакција на новинарите и јавноста ваквата наредба беше повлечена.

Сепак од Телевизија „Телма“ ги демантираат шпекулациите кои кружат во јавноста и оттаму велат дека нема никаква политичка позадина заминувањето на Мицковски од телевизијата. Директорот на телевизијата, Атанас Кировски, тврди дека Ивор сам одлучил да си замине од телевизијата.

Ивор Мицковски во Телевизија „Телма“ беше хонорарно ангажиран, никогаш не бил вработен во „Телма“. По разговор со одговорен уредник на телевизијата на Ивор му е посочено само повеќе да се ангажира како новинар, односно да одговори на задачите кои се очекуваат од него. Неговото заминување од телевизијата нема никаква политичка позадина. Тој сам одлучи понатаму повеќе да не работи во нашиот медиум и ја напушти „Телма“. За Ивор имам само високо мислење и со него секогаш сум постапувал како со свое дете, вели за „Република“ Атанас Кировски.

Претходно «
Следно »