ИГОР ЈАНУШЕВ: Македонските граѓани го живеат најцрното владеење, токму затоа денес ќе се протестира против црнилата на СДСМ и Владата на Заев

Поврзано

ВАКА СЕ ГРИЖАТ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО: Зекири соопшти дека има коронавирус, а СДСМ бecрамно тера кампања и средби со граѓани

Потпретседателот на СДСМ, Зекири соопшти дека има кopонавирус, а СДСМ бесрамно тера кампања и средби со граѓани, обвинуваат од...

ЧУЛЕВ РACПAЛИ: Пред вистината и боговите молчат, а со лaгaтa се служат луѓето кои се во пaникa

Пред вистината и боговите молчат, а со лагата се служат луѓето кои се во паника, страв или пак недозволно...

ПРИТИСОЦИ ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ: Вработени во здравство се повикуваат на информативни разговори за објави на Фејсбук

Секојдневните дописки и преписки со нас и со останатите колеги од новинарската фела укажуваат на тоа дека оваа вонредна...

Македонските граѓани го живеат најцрното владеење, најцрното владеење на најнеспособната влада во историјата на Македонија. Од периодот што измина единствено може да се заклучи дека оваа неспособна влада не испорачува резултати и води штетни политики за државата и за интересите на граѓаните.

За година и половина власт нема ниту еден капитален проект со кој може да се пофалат, но затоа има криминални тендери, корупција, сомнежи за тешки проневери и изневерени очекувања. Во една ваква една ситуација, не е само наше право, туку пред се е наша обврска да се спротивставиме на овие црнила, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Токму затоа денес ќе се протестира. Протестен марш против црнилата на СДСМ и Владата на Заев.

  • Протестен марш против разнебитувањето на македонската држава и македонскиот народ.
  • Поради промената на името која влада ја турка и срамниот договор.
  • Поради идентитетот кој го деградираат и загрозуваат.
  • Поради срамот кој го нанесуваат и достоинството на државата кое сакаат да го одземат.
  • Поради поништувањето на волјата на граѓаните изразена на референдум, рече Јанушев и додаде:

„Но исто така ќе протестираме и против политичките, економските и општествените црнила.

  • Прво, поради неправдите кои ги трпи обичниот граѓанин.
  • Поради корумпираниот систем кој не овозможува правда на обесправените.
  • Поради политичкиот прогон кој власта го спроведува.
  • Политичките апсења и монтираните случаи.
  • Поради селективната правда која е неправда.
  • Стотиците криминалци кои се пуштени на слобода и амнестирани.
  • Како и неразјаснетите убиства. Како убиството на Саздо и несигурноста на улиците.
  • Поради неказнетиот криминал.
  • Сите етикетирања и загрозени слободи.
  • Ова е протест и поради загрозената слобода на медиумите и медиумските работници.

Второ, поради сиромаштијата која расте, и даноците кои се зголемуваат, а џебот на граѓанинот е се попразен.

  • Поради покачената акциза на бензините. Бизнисот кој се уназадува, платите кои се намалуваат, скапиот и суров живот.
  • Поради невработеноста и недостатокот на инвестиции. Поради немањето на економски раст.
  • Поради земјоделието кое урнисано, против немањето на капитални инвестиции и немањето на проекти. Поради задолжувањето, и мегаломанскиот буџет чии пари не се гледаат ниту чувствуваат затоа што се крадат.

            Трето, пред се поради загрозеното здравје на граѓаните.

  • Поради загадувањето кое е тивок убиец во оваа земја со над 1.000 загубени животи секоја година.
  • Пасивноста на власта и дефокусирањето со деградирачки закони како оној за бележење на возилата со етикети кои прават класна сегрегација, на оние кои имаат и возат нови автомобили и сите останати кои не може да си го дозволат тоа.
  • Поради здравството кое се распаѓа, недостатокот на лекови.
  • Хаосот и не квалитетот во образованието.
  • Поради деградирачкиот однос кон младите и студентите и сите неостварени и лажни ветувања на владата на Заев и СДСМ“.

Затоа, подвлече Јанушев, секој еден кој се пронаоѓа во една од овие причини го повикуваме да ни се приклучи на протесниот марш кој започнува од Плоштадот „ВМРО“ до пред владата на Република Македонија денес со почеток во 17 часот.

-Ја даваме раката, затоа што сите граѓани делат исти маки и проблеми, сите граѓани од сите националности и вери. И нема да застанеме тука, ќе продолжиме со протесните маршеви и собири во наредниот период во Скопје, но и во останатите градови од нашата држава. Ќе продолжиме се до конечната победа. Народот е со нас, и оние кои ќе дојдат, но и оние кои поради притисоци, закани и уцени нема да се приклучат, но силно не поддржуваат бидејќи знаат дека ова црно владеење ја уништува нашата држава. Чекор по чекор, ние ќе истраеме и успееме. Затоа што целта ни е Македонија, македонските граѓани и нивната иднина.

Актуелно

(Видео)СО ЦИСТЕРНА ВЛЕТА МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Инцидент на протестот во Минеаполис, САД – возач на цистерна влета во толпата демонстранти

Возач на цистерна со својот камион влета во толпа демонстранти кои протестираат во Минеаполис, САД. Инцидентот се случил на...

(Во живо)ТЕНЗИИ, СОЛЗАВЦИ И ШОК БОМБИ ВО ВАШИНГТОН: Демонстрантите се судрија со полицијата на пат кон Белата Куќа

Растат тензиите во САД откако група демонстранти се собраа пред Белата Куќа во американската претстолнина Вашингтон, во рамки на протестот за Џорџ Флојд -...

ЗАЕВ „БЕГА“ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Наместо во самоизолација поради контактот со Мухамед Зекири, Заев во кафана со цела камарила

Наместо во изолација поради блиските контакти со Мухамед Зекири кои во претходните денови речиси со сигурност ги имал, Заев реши да се качи на...

РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 24 CЛУЧAИ НА ЗAРAЗEНИ ВО СКОПЈЕ: Еве во кои општини се нoвoзaбoлeнитe

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. По општини: Бутел – 6, Чаир – 11, Гази Баба – 1, Карпош –...

(ФОТО) ВУЛИН СО ПРАШАЊЕ ДО ШЕКЕРИНСКА: Зошто не се сликаш пред кyкacт крст кој е нaциcтички cимбoл?

Фотографијата на Шеќеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Вучиќ. Според...

Повеќе вести