ИДЕНТИТЕТОТ Е ПРОМЕНЕТ!: Со Спогобата Димитров-Коѕиас идентитетот не е заштитен, идентитетот е променет!

  • August 30, 2018
  • Коментари

Со Спогобата Димитров-Коѕиас идентитетот не е заштитен, идентитетот е променет!

Основно правило во светот и меѓународното право е: Името на државата е идентитетот на нацијата и обратно!

Промената на името на државата значи трајна промена на името на Македонскиот народ, затоа што по меѓународно право националноста по автоматизам произлегува од името на државата!

Поради Македонија, ние сите сме Македонци! И обратно, затоа што сме Македонци името на нашата држава е Македонија! Доколку името на државата биде Северна Македонија сите за цел свет ќе останеме Северномакедонци.

Македонија трајно ќе остане територија без народ и историја, затоа што Зоран Заев на 1 август 2017 година во Договорот со Бојко Борисов договори македонско-бугарска комисија, а на 17 јуни 2018 година Никола Димитров во Спогодбата со Никос Коѕиас договорија македонско-грчки комитет за ревизија на македонската историја, промена на сите учебници и наставни програми, како услов за членство во Европската Унија. Затоа НЕ во ЕУ, НЕ во НАТО! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Со Спогодбата Димитров-Коѕиас Албанците не го менуваат идентитетот, затоа што имаат матична држава која се вика Албанија! Со Спогодбата Димитров-Коѕиас идентитетот – името на народот, го менуваат само Македонците кои се основа на државноста на Македонија!

Ако на Вашиот пасош пишува Republic of North Macedonia, за цел свет ќе останеме само и ништо друго освен Northmacedonians! Не шетате по светот со спогодба под мишка туку со пасош во рака!

Затоа, безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на 30 септември!

Не гласајте Ваше самоубиство! Не гласајте за промена на Вашето име, култура и историја!

Ова е држава Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонски, така било, така е, така и да остане од векови за навек!

Македонија вечна од исконот до бескрајот! И, сите Македонци еден за друг, за Македонија! Амин!

Пишува
Тодор Петров

Претходно «
Следно »