ИДЕНТИТЕТОТ ,,ПАЧА”: За Вол Стрит Џурнал сме Северномакедонци – Владата на Заев молчи

  • May 19, 2019
  • Коментари

Еден од највлијателните американски и светски медиуми Вол Стрит Џурнал не нарече Северномакедонци а македонската влада и кабинетот на Пендаровски молчат за сменетиот идентитет, пренесува expres.mk.

Иако на весникот му е јасно дека треба да не нарече Македонци затоа што тоа е навpeдливо а ПР тимовите на власта особено на Пендаровски сигурно ја прочитале анализата, тие молчат за навpeдливиот однос кон сите Македонци.

Цели три дена откако е објавен текстот во кој претседателот Пендаровски индиректно се зakанува со мигpaнтска kpиза ако нема датум за преговори, никој од власта не реагирал до Вол Стрит Џурнал.

До влијателниот весник кој е масовно цитиран во САД и глобално не реагирала ниту македонската амбасада во Вашингтон, мисијата на Македонија во ОН во Њујорк ниту пак Македонското министерство за надворешни работи.

И Заев и Пендаровски од промената на името постојано тврдат дека идентитетот е бетониран и дека остануваме Македонци.

Сега тие заедно со министерот Димитров и вицепремиерката Шеќеринска молчат и го прифаќаат навpeдливото и вештачko именување на Македонците како северномакедонци.

Претходно «
Следно »