Изабела Дијаз Ајузо од Народната партија победник на изборите во Мадрид

Поврзано

Италија гo kaзни Гугл co нaд 100 милиoни eвpa – eвe кoja e пpичинaтa

Италија ќе го казни Гугл со повеќе од 100 милиони евра поради злоупотреба на доминантната позиција, соопшти денеска телото...

За прв пат жена застана на чело на тајната служба во Италија

Италијанскиот премиер Марио Драги ја назначи дипломатката од кариера Елизабета Белони на чело на тајната служба, со што таа...

Шпанија најави отворање за туристите од земји надвор од ЕУ

Патниците надвор од Европската Унија ќе може рекреативно да ја посетуваат Шпанија од 20 мај, рече министерот за туризам,...
- Advertisement -

Изабела Дијаз Ајузо од Народната партија победи на регионалните избори на шпанскиот автономен регион Мадрид, покажа истражувањето на јавното мислење по завршувањето на гласањето, спроведено од ГАДЗ за ТВЕ и Телемадрид.
Како што пренесуваат локалните медиуми, на Дијаз Ајузо (42) ќе и биде потребна поддршка од уште една партија за да продолжи да управува со регионот.

Наместо заклучување за време на пандемијата, Дијаз Ајузо успеа да ги стави економијата и социјалниот живот во преден план, поради што ја доби довербата на угостителите и жителите на Мадрид, кои се познати по активниот ноќен живот.

Народната партија е на власт во регионот Мадрид 26 години, а убедливата победа на денешните избори, како што пренесуваат локалните медиуми, ќе и даде поттик и на национално ниво.

Повеќе од пет милиони граѓани денеска имаа право на глас за 136 членови на локалниот Парламент на шпанскиот автономен регион Мадрид.

Latest News

Пopaнeшниoт гeнepaлeн ceкpeтap нa HAТO, Џорџ Робертсон – „Бугарија дa гo ykинe вeтoтo зa Македонија“

Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон...

More Articles Like This