ИЗБОРИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ ФАЛСИФИКУВАНИ: Скандал во избирачката комисија во Прилеп, фалсификувани изборите!

  • October 19, 2017
Дека имало неправилности на денот на гласањето и затворањето на избирачките места говори и следниот слчучај од Прилеп. За ова сведочат слики од записниците на Општинската изборна комисија Прилеп кои се доставуваат до Државната изборна комисија.
Тоа што е симптоматично е дека на него нема потписи од членови на Општинската изборна комисија(ОИК) Прилеп.
На фотографиите до кои дојде Денешен.мк се гледа дека истиот е потпишан само од претседателката на ОИК Прилеп, еден член и заменикот на истиот тој член.  Додека другите членови одбиле да го потпишат поради низа неправилности во текот на изборниот ден. Очигледно сакале истите тие забелешки да бидат внесени во записниците, но нивното барање било одбиено од страна на претседателката на ОИК Прилеп.

Во друг записник пак потпишани се претседателот на ОИК Прилеп и само еден член, односно заменик член.
 
Претходно «
Следно »