ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА: Новозибраните пратеници ги добија уверенијата!

Поврзано

КАФЕАНИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ СЕ ОТВОРААТ: Граѓаните од утре ќе можат да го пијат утринското кафе во нивните барови и ресторани

Од утре граѓаните ќе можат да го пијат утринското кафе во нивните омилени барови и ресторани, но не во...

ДОКТОРИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Тројца починати, 25 новозаразени – докторите зачудени од наглото укинување на мерките

Тројца починати пациенти заболени од корона вирус регистрира денеска земјава. 41 годишен Тетовец хоспитализиран на 19 ти мај,...

СИЛЈАНОВСКА ДО ШИЛЕГОВ: Се знае кој би победил на натпревар за најзелен градоначалник во Европа

Професорката Гордана Силјановска Давкова на духовит начин реагира на навредите кои градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги даваше на...

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска бea врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016. Извештајот за спроведување на изборите и конечните резултати во текот на денот ќе биде доставен до Собранието, соопшти претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

dik-1

Уверенијата им беа врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега лично на новоизбраните пратеници.

Деветтиот македонски парламентарен состав ќе има 120 народни избраници. Најмногу мандати освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2. Нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови.

Чичаковски истакна дека изборите се спроведени согласно законските прописи и оти поминаа во фер и демократска атмосфера и оти гласањето помина согласно стандардите на меѓународната заедница и на ОБСЕ.

Освен до Собранието на Република Македонија, Извештајот за спроведување на изборите ќе биде доставен и до Агенцијата за медиуми, а другите институции ќе можат да го преземат од веб-страната на ДИК.

Овластениот претставник на ДУИ Арбр Адеми изјави дека изборната кампања и денот на изборите поминаа во демократска атмосфера. Тој им се заблагодари на сите граѓани кои придонесоа, како што кажа, во вакви околности да се организираат и да се спроведат изборите, на ДИК и на сите државни институции кои за тоа придонесоа со својата работа во рамките на Уставот и на законите, како и на сите набљудувачи.

– Ние како пратеници очекуваме од сите да се фикусираат на спреоведувањето на реформските процеси и земјата да се врати на патот на европската интеграција. Не очекува важна работа и затоа очекувам дека сите институции ќе работат за доброто на сите, рече Адеми.

Се очекува Собранието попладнево да го соопшти датумот на одржување на Конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ.

Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски.

Нема информација дали на истата седница ќе бидат и избрани претседател и заменици претседатели на Собранието или само ќе бидат верифицирани мандатите на пратениците.

По конституирањето на Парламентот, претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Доколку не формира влада, мандатот се враќа кај претседателот, а тој го предава на втората партија по број на мандати и постапката се повторува.

Актуелно

ПАНИКА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Заразена вработена во Агенцијата, била во контакт со повеќе лица

Вистинска паника владее во Агенцијата за вработување откако денеска е потврден првиот случај на позитивен вработен во оваа државна...

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај нас ќе ги надмине првичните...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

Повеќе вести