ИЗБОРИ ВО ОКТОМВРИ: Собранието го укина екстерното, локалните закажани за октомври!

  • June 1, 2017

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од продолжението на четвртата седница ги донесе измените на Изборниот законик со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври и продолжување на мандатите на градоначалниците.


Исто така, донесени се и измените на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка. Со измените се овозможи укинување на екстерното тестирање кое се спроведуваше од 2013 година.

На седницата не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска Собранието на Република Македонија усвои одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Претходно «
Следно »