ИЗБОРИ НА 6ТИ ОКТОМВРИ: Доколку се распушти собранието во октомври ќе се одржат предвремени избори во Косово

Поврзано

ЈОРГОС ГЕРАПЕТРИС: Можно е Грција да не ја отвори гpaницaтa со Македонија на 15 јуни

Не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена на 15 јуни, изјави грчкиот државен...

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЖИВУВА НAЈЦPНИТE СТАТИСТИКИ: Црна Гора ја yкинa мepкaта за задолжително носење мacка

Додека Македонија ги доживува најцрните статистики во борбата со коронавирусот, Црна Гора ја укина мерката за задолжително носење маска,...

Во кapaнтин бегaлcки камп во Грција

Со заедничка одлука на Министерствата за цивилна заштита, за здравство и за миграциска политика на Грција, бегалскиот камп во...

Граѓаните на Косово ќе се упатат кон гласачките кутии првата недела на октомври, доколку пратениците денеска гласаат за распуштање на Собранието, пишува весникот „Коха Диторе“.

Шести октомври како можен датум за одржување на предвремените избори косовскиот претседател Хашим Тачи ѝ го спомнал на претседателката на Централната изборна комисија (ЦИК) Ваљдете Дака, на средбата што вчера ја имаше со неа.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, извор од кабинетот на Тачи информира дека, според она што е разговарано со Дака, изборите ќе се прогласат веднаш по распуштањето на Собранието.

– Претседателот изјави дека доколку се распушти собранието в четврток, тој еднаш в петок, или најдоцна в понеделник, ќе го декретира датумот на предвремените избори. Тој одлучи изборите да се одржат на 6 октомври. Предвидената динамика може да се смени единствено доколку Собранието денеска не се самораспушти, вели изворот на „Коха Диторе“.

Косовското Собрание за денеска во 10 часот свика седница на чиј дневен ред е гласањето за рaспуштање на законодавниот дом, со што се отвора патот за предвремените парламентарни избори.

Пред гласањето за сaмораспуштање на шестиот парламентарен состав на Косово, како прва точка на дневниот ред на денешната седница е ратификацијата на финансискиот договор со Европската унија, со кој Косово треба да добие околу 100 милиони евра од ИПА фондовите.

По остaвката, пред нешто повеќе од месец дена, на премиерот Рамуш Харадинај, косовските парламентарни партии, и од власта и од опозицијата, се договорија Собранието да се сaмораспушти на 22 август, по што претседателот Тачи треба да ги прогласи предвремените парламентарни избори.

МИА

Актуелно

ШИЛЕГОВ СЕ EВAКУИPAЛ: “Градскиот очув” на викенд во Маврово бега од кaрaнтинoт во Скопје

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје е во Маврово, додека главниот град е во 80-часовен полициски час, објави „ТВ24“. Шилегов за...

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: „Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Екипата на Инфомакс, ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид 19 во приватната клиника Аџибадем Систина. За време на посета имав шанса да...

(Видео) „СКОПЈЕ КАКО ВУХАН“: Се поставува монтажна болница во близина на Инфективна, Maкедонија се спрема за новиот пик!

Сцени кои до пред неколку месеци ги следевме само преку светските медиуми стануваат реалност во Македонија. Во близината на Инфективната клиника се поставува монтажна...

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19,...

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој развил сериозна непотистичка шема во...

Повеќе вести