ИЗВЕШТАЈ НА ЕК: Жбогар ќе им го врачи Извештајот на ЕК на Пендаровски, Џафери и Заев

  • May 29, 2019

Шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар попладне ќе го врачи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на cyдската власт.

Жбогар ќе им го предаде Извештајот во Кабинетот на Претседателот во „Вила Водно“ во 14:45 часот.

По врачувањето на Извештајот, изјави за јавноста ќе дадат Пендаровски, Џафери, Заев и Жбогар.

Претходно «
Следно »