December 9, 2021, 9:17 am

Извecтyвaње oд Министepcтво зa здpaвcтво: Нacкоpo ќe ce нaбaви eдинcтвeниот лek зa Koвид-19 „Moлнoпиpaвиp“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот Молнопиравир, единствен лек против Ковид-19.

Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот Молонопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19.

Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход.

Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2.

Latest News

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се во ценовен шок, платите не стигаат ниту за основните продукти

Исто како и со недостатокот на капитални инвестиции, исто како и со неработата на градоначалниците на СДСМ во општините,...

More Articles Like This