September 18, 2021, 7:40 am

Изглacaна peзолyција: ЕУ бара да се признаат еднополови бракови во сите земји членки на Европската унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мнозинството во Европскиот парламент во вторникот во Стразбур го поддржа предлогот за резолуција со која се бара признавање на истополови бракови и регистрирани партнерства во сите земји-членки.
Резолуцијата со која Европскиот парламент бара ЕУ да ги отстрани сите пречки со кои се соочуваат ЛГБТИК лицата во остварувањето на нивните основни права, беше поддржана од 387 пратеници, а 161 гласаа против, додека 123 беа воздржани.
Во резолуцијата се наведува дека истополовите сопружници и партнери треба да се третираат на ист начин како и хетеросексуалците, и дека браковите и партнерствата склучени во една од земјите на ЕУ треба да се признаат и во другите земји-членки.
Еднакви права за сите Мнозинството европратеници веруваат дека семејствата на истополови поединци и двојки треба да имаат исти права како и оние на хетеросексуалците во сите земји на Унијата.
Ова исто така важи и за правото на семејствата да се обединат, со цел да се обезбеди непречена преселба во други земји во рамките на ЕУ.
Во резолуцијата, европратениците ја повикаа и Европската комисија да преземе мерки против Романија, Унгарија и Полска за кршење на правата на ЛГБТИК луѓето, како и основните вредности на ЕУ.
Романската влада не го ажурираше националното законодавство откако Европскиот суд одлучи дека одредбите за „брачни другари“ важат за истополовите двојки, како и за хетеросексуалците.
Во Унгарија, во јули оваа година стапи на сила закон, со кој се забранува употреба на содржини поврзани со хомосексуалноста и трансродовите односи во училиштата.
Во Полска, минатата година, голем број градови и провинции го прогласија својот простор „ослободен од ЛГБТИК идеологијата“, што Европскиот парламент остро го осуди и одговори, прогласувајќи ја целата Европска унија „простор за слобода на ЛГБТИК луѓето“ во март.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Овие делови од Скопје денес и утре ќе останат без стpуjа

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска и утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од...

More Articles Like This