ИЗГРАДЕН АВТОПАТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ: Стопирањето на трите автопати ја покажува неспособноста на СДС за менаџирање со големи капитални проекти

  • September 7, 2017

Гоце Димовски на денешната трибина „Отворено со Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е препознатлива по тоа што реализирала проекти кои се за доброто на граѓаните на Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ контиунирано инвестираше во инфраструктурата. Пред се, во патната, комуналната, станбената и останатите инфраструктури, изјави Димовски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период има изградено и реконструирано над 500 километри регионална патна мрежа.

-Во изминатиов период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да реализира, да изгради и реконструира над 700 локална патна мрежа, што сепак, претставува една бројка во однос на тоа како сме биле претходно. Исто така, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да изгради и одредени автопатски делници, како што е автопатската делница Табановце – Куманово, успеа да ја заврши реконструкцијата на Велес – Катланово и Катланово – Велес. А воедно, многу суштинско и важно во однос на патната инсфраструктура е започнувањето на трите капитални проекти со кои слободно може да се гордее ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, истакна Димовски.

Тој појасни дека станува збор за автопатите Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

-Меѓутоа, односнот на СДС кон овие капитални, инстфраструктурни, големи проекти кои се пред се бенефитни за развојот на Република Македонија се стопирани од нивна страна. Стопирани се со еден вид банални изговори, а тие банални изговори го потврдуваат нивното незнаење, нивната нестручност и неможноста да менаџираат големи инсфраструктурни проекти кои се бенефитни за Република Македонија, посочи Димовски.

Претходно «
Следно »