October 16, 2021, 10:58 pm

Изгopeници од сонце – што помага дури повеќе и од кисело млеко?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Летото е период кога сакаме да сме што повеќе време надвор. Иако сонцето позитивно делува на нашето здравје и расположение, истото може да предизвика и одредени проблеми. Сепак, топлите летни денови кријат и низа опасности, а една честа грешка која ја прават многумина од нас е незаштитената и прекумерна изложеност на сонце. Сите сакаме убав тен после одморот, но сончевите зраци во летните денови се навистина силни и може да ја оштетат нашата кожа. При прекумерна изложеност може да дојде до изгореници на кожата, а токму за нив и за тоа кои природни намирнци можат да ни помогнат со нивното третирање, се темите кои ќе ги разгледаме во продолжение.

Зошто и како сонцето предизвикува изгореници на кожата?

Сончевите зраци патуваат кон земјата со одредена енергија. Дел од таа енергија се апсорбира во атмосферата на земјата, а остатокот сепак пристигнува до нас. Пример за ваквиот дел се УВ (ултравиолетовите) зраците. Тие се невидливи за нашите очи, а имаат доволно енергија за да предизвикаат промени, па и проблеми кај нашата кожа. Постојат два типа на УВ зраци – УВА и УВБ зраци. Се смета дека УВБ зраците се главните виновници за појавата на изгореници на кожата при прекумерна, долга изложеност на сонце.

Доколку сакате да прочитате повеќе за УВ зраците и како соодветно да се заштитите од нив, кликнете тука.

Изгорениците од изложеноста на сонце не се исти како изгорениците од допир на топол предмет. Топлината од сонцето не е она што ја „гори“ нашата кожа, туку УВ зраците. Тие ги оштетуваат клетките на кожата и предизвикуваат мутации во ДНК-та. Телото има бројни, одлични механизми како да се справи со ваквите промени. Но, кога изложеноста кон УВ е прекумерна и без заштита, штетата не може целосно да се санира и клетките почнуваат да изумираат. Крвните садови се шират со цел поголем проток на крв до ваквата област, а тоа предизвикува црвенило, воспаление и умерен оток.

Изгорената кожа со тек на време ќе заздрави, но дел од клетките кои се живи, ќе имаат мутации кои нема да бидат „корегирани“, а тоа може да ги направи ваквите клетки во иднина – туморни.

Како да се заштитиме од сончевите зраци?

Најдобар начин за превенција на изгорениците е соодветна заштита и намалена изложеност на сончевите зраци кога се најсилни (од 10 до 16h).

[Поврзано: Што е УВ зрачењето и како да се заштитиме?]

Добар индикатор за силата на сончевите зраци е УВ индексот. Тој претставува интернационален стандардизиран начин за мерење и соопштување на моќта (во поглед на изгореници на кожата) која ја имаат УВ зраците на одредено место и во одредено време. Скалата се движи од 1 до над 11, а повисока вредност значи и поголема моќност.

Во летниот период, УВ индексот има навистина високи вредности кои може лесно и брзо да предизвикаат штета на кожата.

Кои се најдобрите, природни намирници доколку дојде до изгореници на кожата?

Последиците и штетата од изгорениците може да бидат сериозни и секогаш треба да настојуваме да не дојде воопшто до тоа. Но, понекогаш се случува да дојде до изгореници, па во продолжение ги издвојуваме најдобрите, природни намирници кои можат да ви помогнат.

1 . Алое вера

Сокот, односно гелот од ова растение се смета за едно до најдобрите природни решенија за изгореници на кожата. Тоа го смирува непријатното чувство кај изгорената област, го забрзува процесот на заздравување и ја хидрира и обновува кожата. Доколку го немате самото растение во вашиот дом, алое вера гелот од аптека може да биде подеднакво ефикасен.

2 . Чај од камилица

Чајот од камилица е познат по своите смирувачки и релаксирачки својства. Но, тој може да биде и одлична опција за олеснување на непријатното чувство од изгорениците. Сварете го чајот од камилица и оставете го да се олади, а потоа впијте го во некаква крпа или ткаенина и истата ставете ја врз областа која е изгорена. Луѓето кои се алергични на полен, можеби е подобро да го прескокнат ваквиот метод, бидејќи може да предизвика алергична реакција.

Покрај чајот од камилица, црниот чај е исто добра опција бидејќи содржи танини – соединенија кои имаат анти-воспалителни својства.

3 . Ладна вода

Ладната вода се смета за еден од најлесните и ефективни начини за третирање на воспаленија, а бидејќи изгорената кожа е токму тоа, третирањето со ладна вода може да биде навистина корисно. Доколку сме на одмор, честото влегување во вода може да го спречи влошувањето на изгорениците.

Доколку ја третирате кожата на овој начин, избегнувајте користење на мраз, бидејќи тој може да предизвика дополнителна штета на веќе премногу сензитивната изгорена област.

Покрај ладна вода може да се користи и ладно млеко. Тоа содржи антиоксиданти кои имаат и анти-воспалителен ефект. Едноставно натопете некаква ткаенина во ладно млеко и третирајте ја изгорената регија. На нашите простори често се користи и киселото млеко, кое има многу сличен состав со обичното млеко, па и не е чудно што истото може пријатно да влијае при изгореници на кожата.

4 . Овес

Овесот можеби не звучи за очигледна намирница која би помогнала во ваква ситуација, но истиот може да има доста смирувачки ефект на кожата. Ситно мелен овес, дури до прашкаста состојба, може да се измеша со ладно млеко и малку мед и ваквата смеса да се стави на изгорената област. Oвесот се смета дека го намалува воспалението на кожата и заедно со медот и млекото може да има навистина позитивен ефект и да ги намали непријатните симптоми од изгорениците.

5 . Хидрација на телото и на кожата

По долга изложеност на сонце, неопходен е доволен внес на течности. Внесот на вода ќе спречи веќе исушената и оштетена, изгорена кожа дополнително да се дехидрира. Покрај пиење на вода, нанесување на некаква крема која има хидратирачки ефект на кожата може исто така да ги олесни непријатните чувства, но и да и помогне на кожата побрзо да заздрави. Внимателно одберете ја кремата што ќе ја користите и препорачливо е тоа да биде некаква нежна, хранлива крема која нема да ја иритира кожата дополнително.

Latest News

(Видео) Потkyп во Лескоец, забележан автомобилот на градоначалникот

Регистриран уште еден случај на поткуп доцна вечерва, овојпат во с. Лескоец, охридско. Имено, забележан е градоначалникот со неговиот...

More Articles Like This