ИЗДАЛА СЛУЖБЕНА ТАЈНА: Кривична за вработена во гевгелиското обвинителство

  • June 7, 2018

Триесет и четиригодишна гевгеличанка вработена во Јавното обвинителството во Гевгелија „заработила“ кривична пријава за оддавање службена тајна.

Како што соопшти МВР, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднела кривична пријава против Е.С. (34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“.

Е.С. која е вработена во ОЈО Гевгелија како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право, од средината на 2017 година па се до 23 мај годинава во повеќе наврати на адвокат му давала податоци што преставуваат службена тајна, односно кривични пријави, службени белешки и други документи изработени од организациони единици на Министерството за внатрешни работи, записници, спогодби и други документи изработени од ОЈО Гевгелија, службени документи издадени од Основниот суд во Гевгелија кои преставуваат службена тајна, документи од други јавни установи, кои директно или индиректно се поврзани со предметите за кои бил ополномоштен бранител пред судски или јавнообвинителски предмет.

На тој начин пријавената Е.С. за себе и за друг прибавила противправна имотна корист и нанела штета на честа и угледот во институцијата во која работи.

Претходно «
Следно »