ИЗЛЕГЛЕ ЗА ПИВО И СЕНДВИЧ, НО НЕ И ЗА СЕВЕРНА: Поддржувачите на Заев му киднаа од митингот!

  • September 16, 2018

Со транспаренти „ЗА европска Македонија”, дел од поддржувачите на кампањата за референдумот дојдени во Скопје за време на граѓанскиот собир организиран од коалицијата „Заедно за европска Македонија“ се шетаат низ плоштадот и ГТЦ

Сончевото време дел од нив го искористија и за пиво во ГТЦ, а со нив ги понесоа и знамињата од собирот.

Граѓаните од цела Македонија со организиран превоз пристигнаа во Скопје за европскиот марш.

Организаторите од сите градови им поделија и маички на оние кои дојдоа во Скопје за да маршираат до ЕУ инфо центарот.

На „Партизанска“ има повеќе од 100 автобуси со кои дојдоа поддржувачите на Коалицијата „Заедно за европска Македонија.

Претходно «
Следно »