ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА ВЕТЕНОТО НА ЧАДОРОТ ОД ЗАЕВ: Ги над­ми­нал и оче­ку­ва­ња­та на ал­ба­но­фи­ли­те во СДСМ.

  • February 19, 2017

За­е­ва­та пис­ме­на ка­пи­ту­ла­ци­ја ис­пра­те­на до ДУИ е са­мо не­го­ва. Со неа не­ма да се сог­ла­си мно­зинс­тво­то во др­жа­ва­та, за­луд­ни се и лаж­ни­те ан­ке­ти на „Тел­ма“, кои тре­ба­ше да му да­дат ве­тер во едра­та на не­до­вет­ни­от ли­дер. Ви­сти­на­та е по­и­на­ква. Ду­ри и да до­бие пре­од­на оцен­ка за пис­ме­на­та за­да­ча од на­став­ни­кот Ах­ме­ти (кој со­се­ма слу­чај­но е пе­да­гог по про­фе­си­ја, не­ли), уче­ни­кот За­ев за да по­ло­жи и да по­ми­не „на пра­во“ има уште мно­гу, мно­гу ра­бо­ти да на­у­чи за сопс­тве­ни­от на­род и др­жа­ва. Мал­ку исто­ри­ја не е ло­шо за ни­ко­го…

analiza233-zaev-shqip-1-640x383

Два ме­се­ца За­ев и вр­ху­шка­та ка­ко зми­ја но­зе­те го кри­е­ја ста­вот за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма. Очиг­лед­но, кри­ен­ка­та не би­ла за­луд­на. Си­те на­се­ту­ваа де­ка има и зо­што, но тоа што по­ле­ка из­ле­гу­ва на ви­де­ли­на ги над­ми­ну­ва и оче­ку­ва­ња­та на ал­ба­но­фи­ли­те во СДСМ. Ве­ро­јат­но, Му­хи, Ка­са­пи и Аде­ми пад­на­ле во „не­свест“ од сре­ќа. Па и тие не оче­ку­ва­ле ва­кво ал­ба­но­љу­бие од мур­тин­ски­от спа­си­тел, а и ни­кој од не­до­вет­ни­те не ја сфа­ќа­ше се­ри­оз­но прог­но­за­та де­ка ќе ја про­да­де и сопс­тве­на­та мај­ка за да дој­де на власт. И би прог­но­за­та. За жал на мно­гу­ми­на. Најм­но­гу на Ма­ке­дон­ци­те и на Ма­ке­до­ни­ја. Ос­но­ва­ни да ти би­ле прет­по­ста­вки­те на поз­на­ва­чи­те и на „ку­ри­ри­те“ де­ка За­ев, фа­тен во пу­чи­стич­ки­от тес­нец, ќе да­де сѐ за да из­ле­зе од кал­та што му стиг­ну­ва­ла до уши до­кол­ку не го ос­тва­ри ве­те­но­то на „ча­до­рот“. Та­ка и из­ле­зе. Ли­кот што ја овоз­мо­жи оваа глу­пост со пла­тфор­ма­та, се­га са­мо ја про­дол­жи. Не­го­ви се по­че­то­кот и кра­јот. Али, Би­лал и Зи­ја­дин беа са­мо про­дол­жу­ва­чи на не­го­во­то де­ло, а Зо­ран ги има си­те зас­лу­ги пред и по­тоа.

analiza233-zaev-shqip-2

Та­ка, по­не­дел­нич­ки, кол­ку за да му трг­не не­де­ла­та не­ли, За­ев пот­пи­ша ка­пи­ту­ла­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја и на се­то тоа што ја оз­на­чу­ва, кра­си и пра­ви по­и­на­ква од дру­ги­те др­жа­ви. Име, ја­зик, хим­на… Фер, па чо­ве­кот тол­ку глас­но и јас­но на де­се­ти­ци на­ста­пи, јав­но ја пре­ду­пре­ду­ва­ше ма­ке­дон­ска­та јав­ност што ни сле­ду­ва. Ар­но ама, дел од не­по­мир­ли­ви­те гра­ѓа­ни со вла­де­е­ње­то на „кри­ми­нал­ци­те, ло­ши­те и не­пис­ме­ни­те“ „фа­кти“со кои им ја на­пол­ни­ја гла­ва­та „про­фе­си­о­нал­ни­те“ ме­ди­у­ми со Со­ро­сов предз­нак на бан­кар­ско­то кон­то, не по­ве­ру­ваа, ду­ри ни на збо­ро­ви­те ка­жа­ни лич­но од не­го. Мо­же­би за­тоа што ми­лу­ва да збо­ру­ва за се­бе во тре­то ли­це ед­ни­на, па си по­мис­ли­ле де­ка Зо­ран За­ев збо­ру­ва за не­кој друг Зо­ран За­ев? Ко­ин­ци­ден­ци­ја со исто­и­ме­но­ста, Ма­ке­до­ни­ја е ма­ла зем­ја, Зо­ран че­сто име. Те­шко…

analiza233-zaev-shqip-3

По измамата – следува срам или револт кај измамените?

И та­ка „из­ма­ме­ни­те“ си гол­таа без да изџ­ва­ка­ат, ла­мен­ти­ра за „ре­жи­мот“, меч­та­е­ја за из­мис­ле­на „сло­бо­да“, го слу­шаа са­мо­де­ман­ти­рач­ки­от ли­дер ка­ко про­па­ги­ра дво­ја­зич­ност и ја бен­ди­су­ва швај­цар­ска­та фе­де­ра­ли­за­ци­ја, го пре­скок­ну­ваа гр­до­то во со­ста­ве­но­то од не­го и си со­ну­ваа ка­ко тој ќе дој­де на власт и ќе им ја ис­пра­ви „не­прав­да­та“. А таа да ти би­ла од нај­раз­лич­на при­ро­да и да ти со­бра­ла на еден куп нај­раз­но­бој­ни не­за­до­вол­ни­ци, ша­ре­ни по мно­гу ос­но­ви. Кој ти не­мал сре­ќа во бра­кот, друг не го би­ва­ло в кре­вет,трет да ти бил ин­те­ле­кту­ал­но не­ре­а­ли­зи­ран, а имал тол­ку го­лем ка­па­ци­тет во се­бе што ни­кој не го пре­поз­на­вал, на че­тврт вмро­вец шеф му се по­го­дил, на пе­ти­от му пре­чел со­се­дот и не­го­ва­та уба­ва ку­ќа итн. И ни­кој од нив ни „под раз­но“ да не ти ве­ру­вал де­ка мо­же да се нај­де чо­век, Ма­ке­до­нец, ба­рем та­ка се дек­ла­ри­рал во па­со­шот, кој ќе ти сме­ни име, хим­на, ја­зик и сѐ што сле­ду­ва. А исти­от тој, бар за дво­ја­зич­ност и фе­де­ра­ли­за­ци­ја, да си меч­та­ел јав­но и со ед­на при­друж­на цел – да им „вле­зе“ под ко­жа на Ал­бан­ци­те, за­тоа што друг спас не­ма­ло. Ни­ту дру­ги по­дат­ли­ви гла­са­чи. Па Зо­ран им се дод­во­рил на Ал­бан­ци­те, кои во не­го го пре­поз­на­ле по­бра­ти­мот Агим (Зо­ран и Агим има­ат исто оно­ма­стич­ко зна­че­ње ка­ко ими­ња и оз­на­чу­ва­ат ра­ѓа­ње на де­нот). Но и тие, ка­ко и Ма­ке­дон­чи­ња­та, да не ти пре­поз­на­ле де­ка зад не­го­ва­та по­ну­да за „ри­до­ви и до­ли­ни“ се крие на­суш­на по­тре­ба за власт. Спас. Од дру­га стра­на, за нив и де­лум­но оправ­да­но. Па ним, за раз­ли­ка од пр­ви­те, им по­ну­дил и не­што што по­тај­но си го по­са­ку­ва­ле, иа­ко ре­ал­но не им тре­ба­ло. Кол­ку и да ви изг­ле­да не­до­ве­тен, овој чо­век из­ла­жа до­бра „број­ка“ од при­пад­ни­ци на две на­ции. Ај­де што ги над­му­дри Ма­ке­дон­ци­те, но ги пре­ла­жа и Ал­бан­ци­те, убе­ду­вај­ќи ги де­ка не им тре­ба по­до­бар жи­вот, ту­ку тол­ку не­по­треб­ни­те на­ци­о­на­ли­стич­ки дре­бу­лии.

Да, чо­ве­кот, очиг­лед­но, тре­ба да вле­зе во исто­ри­ја­та и во ан­то­ло­ги­ја­та на нај­го­ле­ми­те свет­ски из­мам­ни­ци, зна­е­те, тие од ти­пот на Че­хот Ви­ктор Лу­стиг, кој ја про­да­де Ај­фе­ло­ва­та ку­ла во Па­риз, или Ар­тур Фер­гу­сон, кој на за­ин­те­ре­си­ра­ни­те ту­ри­сти им ги про­да­ва­ше спо­ме­ни­ци­те во Лон­дон. Зна­е­те, и нив ги спо­ју­ва ед­на ни­шка. Нај­го­лем дел од из­ма­ме­ни­те не ги ни при­ја­ви­ле из­ма­ми­те. Од пу­сти срам. Којз­нае ка­ко ќе ре­а­ги­ра­ат на­ши­те из­ма­ме­ни че­да ма­ке­дон­ски на За­е­ви­те на­ци­о­нал-про­даж­ни „мај­сто­рии“. Со срам или ре­волт, оста­ну­ва да ви­ди­ме.

analiza233-zaev-shqip-5

Како зборуваше Заев, т.е. како лажеше

„На­ши­от Устав е ли­бе­ра­лен и европ­ски по пра­ша­ња­та на ја­зи­ци­те. Тоа е та­ка. И та­ка ќе оста­не. На­мет­ну­ва­ње­то на тоа што ре­ал­но не по­стои го пра­ват тие што не­ма­ат ни­ка­ква по­ну­да за гра­ѓа­ни­те и тие што се пла­шат од сло­бод­но иска­жа­ни­от збор“. Та­ка го­во­ре­ше За­ев. Ова се не­го­ви­те збо­ро­ви иска­жа­ни на пр­ви­от ми­тинг во При­леп. Со нив поч­на дол­го­то и, за жал, ус­пеш­но прав­да­ње и убе­ду­ва­ње де­ка ВМРО-ДПМНЕ ла­же за Берн и за не­го­ва­та жел­ба со дво­ја­зич­но­ста да ги на­ма­ми Ал­бан­ци­те. Абе ка­ква дво­ја­зич­ност, се мај­та­пеа не­го­ви­те пу­ле­ни, Гру­ев­ски не зна­ел за што да го фа­ти За­ев, па му из­мис­лил нов скан­дал.

Ка­ко во При­леп, ка­ко и на сто­ти­ци дру­ги ме­ста низ др­жа­ва­та, тој лич­но и не­го­ви­те во кам­па­ња­та ги ла­жеа и убе­ду­ваа Ма­ке­дон­ци­те де­ка тој За­ев пред нив не е исти­от тој За­ев од ТВ-екра­ни­те, кој јас­но збо­ру­ва за ал­ба­но­фи­ли­ја , дво­ја­зич­ност и за фе­де­ра­ли­за­ци­ја. И та­ка, ма­ѓепс­ни­кот За­ев, пот­по­мог­нат од вол­шепс­тво­то на „ча­до­рот“ или, по­до­бро ка­жа­но, од илу­зи­ја­та соз­да­де­на од Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми, ус­пе­а­ја да из­ма­ми и за­ве­де го­лем дел од гра­ѓа­ни­те.

Дел од нив и де­нес, не­по­мир­ли­во свес­ни де­ка се пре­ла­жа­ни и из­ма­ме­ни, та­ка ина­ет­чи­ски, сѐ уште не са­ка­ат да приз­на­ат де­ка згре­ши­ле, па ве­лат: „Па што дво­ја­зич­ност, го­ле­ма ра­бо­та, де­нес-утре ќе дој­де! По­до­бро се­га откол­ку утре де, ту,ту, го­ле­ма ра­бо­та!“ И си се „пер­ат“ пред се­бе и дру­ги­те, са­мо за да ја оправ­да­ат сво­ја­та до­вер­ба во без­о­браз­ни­кот што ги пре­не­се жед­ни пре­ку во­да или глу­ви и сле­пи пре­ку Берн.

Да, бол­но­то бу­де­ње на из­ма­ме­ни­те што­ту­ку сле­ду­ва. Ве­ро­јат­но по на­ви­ка, се­га не са­ка­ат да им по­ве­ру­ва­ат ни­ту на ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми, ка­ко „Топ че­нел“, кои пр­ви пре­не­соа де­ка За­ев во сво­е­то пи­са­ние му га­ран­ти­ра на Ах­ме­ти за­кон со кој ќе се ре­а­ли­зи­ра дво­ја­зич­но­ста во Ма­ке­до­ни­ја. Но не са­мо тоа, збо­ру­ва­ме за фер­ман од це­ли 72 стра­ни­ци. До­вол­но про­стор за уште мно­гу га­ран­ции за ис­пол­ну­ва­ње во це­лост на без­о­браз­на­та пла­тфор­ма, чиј­што ро­до­на­чал­ник е ток­му За­ев.

Ама, по­пу­сто ин­фор­ма­ци­ја­та. Ако не е на плат­ни­от спи­сок на Со­рос, то­гаш ни­ту „Топ че­нел“ не е ме­ро­да­вен за на­шин­ци­те со ша­ре­на про­ми­ни­ен­ци­ја. Ве­ро­јат­но, и „Топ че­нел“ е ку­рир­ски на­стро­ен, исто ка­ко „ Хил“, „Гар­ди­јан“, „Неш­нел рив­ју“, „Билд“ и ред дру­ги, кои пи­шу­ваа и ка­жу­ваа ло­шо (т.е. ре­ал­но) за За­ев и за СДСМ. Крад­ци…

analiza233-zaev-shqip-4

Македонците гласаа за албанизација на државата?

Еден по еден, со­ли­ден дел од ре­ал­ни­те, на­ив­ни и из­ма­ме­ни че­да со­бра си­ла и си ја приз­на гре­шка­та во ло­ша­та про­це­на. Та­ка, се из­на­чи­тав­ме за­доц­не­ти све­дош­тва за тоа де­ка не са­ка­ле та­ква др­жа­ва, не гла­са­ле за та­ква Ма­ке­до­ни­ја, не да­ле глас за ал­ба­ни­за­ци­ја, си ја са­ка­ле та­тко­ви­на­та… Ре­ди­ци и ре­ди­ци поп­ла­ки за из­не­на­де­но­ста од ли­де­рот на СДСМ. Не­ба­ре, из­ви­си тол­ка­ва до­вер­ба во За­ев. Да­де­на од ин­те­ле­кту­ал­ци, но­ви­на­ри, про­фе­со­ри, па ду­ри и со­пар­тиј­ци. Да, ре­ал­но­то пра­ша­ње е што со тие 350 ил­ја­ди Ма­ке­дон­ци што го да­доа сво­јот глас за За­ев? Гла­саа ли и тие за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма? То­гаш таа не ни по­сто­е­ше, ос­но­во­по­лож­ник е За­ев, а ток­му нив­ни­от глас ги до­ве­де ра­бо­та­та и др­жа­ва­та до ова де­ре­џе. И се­га? „Шу прај­ме“ се­га, че­да пре­ла­жа­ни. Вра­ќа­ње не­ма, ба­рем до но­ви из­бо­ри. Се „отво­ри­ја“ и дру­ги­те не­за­до­вол­ни­ци, веч­ни, ама се­га од За­ев. Ме­ѓу нив и Со­фи­ја Ку­нов­ска, ко­ја по­ста­ви на­град­но пра­ша­ње, кол­ку­ми­на од СДСМ зна­е­ле што има во па­кет­че­то ис­пра­те­но во Ма­ла Ре­чи­ца? Не­за­до­вол­на од иск­лу­чен­ста од кан­ди­дат­ски­те ли­сти, јав­но си пра­ша: Во сог­лас­ност со ви­со­ки­те стан­дар­ди за де­мо­кра­ти­ја, кол­ку­ми­на во СДСМ зна­ат што има во па­кет­че­то до Ма­ла Ре­чи­ца? Де­мо­кра­ти­ја­та е моќ на убе­ду­ва­ње на ина­ку­мис­леч­ки­те во ис­прав­но­ста на сопс­тве­ни­те идеи. Во спро­тив­но, се до­би­ва #НаТаткоИмПартијата. Во СДСМ има пре­ка­ле­ни бор­ци, а не не­при­ја­те­ли на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та и на та­тко­ви­на­та.

Оста­ну­ва да ги ви­ди­ме не­ко­гаш на ја­ве и тие пре­ка­ле­ни бор­ци во СДСМ, кои си ја са­ка­ле та­тко­ви­на­та. Та­ка ба­рем твр­ди из­бр­ка­на­та пре­ка­ле­на со­ци­јал­де­мо­кра­тка, ко­ја не за­бо­ра­ви да ста­ви ко­му­ни­стич­ки „плу­кач­ки“ шмек на неј­зи­на­та твор­ба­та и да до­об­јас­ни де­ка ова не би­ло до­стап­но за спо­де­лу­ва­ње од „ку­рир­ски­те“ ме­ди­у­ми.

На­град­но пра­ша­ње и до Ку­нов­ска: Кол­ку „про­фе­си­о­нал­ни“ ме­ди­у­ми го пре­не­соа тво­јот ко­мен­тар? Нај­дов­ме вре­ме и про­ве­рив­ме. Ни­ту еден „про­фе­си­о­на­лец“, Со­фи­ја, не те пре­не­се. Де­ка се мно­гу про­фе­си­о­нал­ни, не­ли, во ши­ре­ње­то на илу­зи­и­те и во из­вр­ту­ва­ња­та, а овој став не им од­го­ва­ра­ше. На­стра­на, овој пост не им е исп­лат­лив, не­ма па­ри во не­го. Во­оп­што…

Недоветните во одбрана на антинационалните потези на Заев

За За­е­ва сре­ќа, оста­наа уште мно­гу под­ли­зур­ков­ци што има­ат за­да­ча ја прав­да­ат се­ко­ја не­го­ва глу­пост и гре­шка, на­веж­ба­ни апа­рат­чи­ци, кои кол­ку што бе­ља­та е по­го­ле­ма, тол­ку и по­же­сто­ко го „пер­ат“ из­бер­ба­те­но­то. Та­ка, ден­та ко­га на си­те, ду­ри и на скеп­ти­ци­те што гла­саа за СДСМ во уве­ру­ва­ње де­ка дво­ја­зич­но­ста е ла­га, им ста­на јас­но де­ка За­ев ја ис­пра­ти пис­ме­на­та га­ран­ци­ја до Ах­ме­ти, Ма­ке­до­ни­ја осам­на со нај­па­те­тич­ни­от нас­лов, кој, осо­бе­но во ва­ква де­ли­кат­на си­ту­а­ци­ја, тре­ба­ше да ги зат­скрие и оправ­да ли­де­ро­ви­те гре­во­ви кон се­гаш­ни­те и ид­ни­те ге­не­ра­ции Ма­ке­дон­ци.

„Со пис­мен чо­век, са­мо на­пис­ме­но!“ Ве­ру­ва­ле или не, но ова бе­ше нас­лов­на­та стра­ни­ца што тре­ба­ше да го „ис­чи­сти“ За­ев пре­ку Ге­ро­ви­от пар­ти­ски пе­чат. Ај­де што по­го­вор­ка­та е из­вр­те­на, нор­мал­но за нив, и ре­ал­но гла­си – со не­пис­мен чо­век са­мо на пис­ме­но, но проб­ле­мот е уште по­го­лем. Се­кој тој што го про­чи­та, пр­во што по­мис­ли е де­ка тре­ба да стои „Со лаж­го­то, са­мо на­пис­ме­но“. Па јас­но, не за­луд­но Ах­ме­ти ба­ра пис­ме­ни га­ран­ции од За­ев, од исти­от тој што за овие три го­ди­ни из­ла­жа без­број па­ти, чо­век што и по­крај пот­пи­сот, два­па­ти од­ло­жи из­бо­ри. Не пот­пис и пис­ме­на га­ран­ци­ја, Али­ја е по­ве­ќе од све­сен де­ка и та­ка ста­ро­врем­ски, со крв, да да­дат бе­са, па и „со­ле­на“ бан­кар­ска га­ран­ци­ја да оста­ви, ка­ко пра­те­ни­ци­те на ДУИ, со За­ев ни­ко­гаш не е на чи­сто.

На­стра­на, Со­ро­со­ви­те пер­ја­ни­ци со нас­ло­вот ис­пра­ти­ја уште ед­на тол­ку ка­ра­кте­ри­стич­на ели­ти­стич­ка кон­ста­та­ци­ја. Де­мек, За­ев бил пис­мен, не­ли, ка­ко и си­те во СДСМ, а дру­ги­те не­пис­ме­ни, не­ка­пе­ни, сто­ка. За­тоа му ба­ра­ле пис­ме­на га­ран­ци­ја, не де­ка е лаж­го.

Уште по­го­лем проб­лем е што не сфа­ќа­ат де­ка оваа За­е­ва ка­пи­ту­ла­ци­ја ис­пра­те­на до ДУИ е са­мо не­го­ва, ова е ка­пи­ту­ла­ци­ја на вр­ху­шка­та на СДСМ. Со неа не­ма да се сог­ла­си мно­зинс­тво­то во др­жа­ва­та, за­луд­ни се и лаж­ни­те ан­ке­ти на „Тел­ма“, кои тре­ба­ше да му да­дат ве­тер во едра­та на не­до­вет­ни­от ли­дер и да го исп­ла­шат Се­ла да да­ва от­пор за но­ви из­бо­ри. Ви­сти­на­та е по­и­на­ква. Ду­ри и да до­бие пре­од­на оцен­ка за пис­ме­на­та за­да­ча од на­став­ни­кот Ах­ме­ти (кој со­се­ма слу­чај­но е пе­да­гог по про­фе­си­ја, не­ли), уче­ни­кот За­ев за да по­ло­жи и за да по­ми­не „на пра­во“ има уште мно­гу, мно­гу ра­бо­ти да на­у­чи за сопс­тве­ни­от на­род и др­жа­ва. Мал­ку исто­ри­ја не е ло­шо за ни­ко­го…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 233. број на неделникот „Република“, 17.2.2017)

Претходно «
Следно »