Излезе календар со Путин за 2020 година – претставен е како нежен и мо ќен лидер

  • November 30, 2019
  • Коментари

Во Русија објавувањето на календар со фотографиите на претседателот Владимир Путин стана годишна традиција.

Досега тоа секогаш беше добра можност лидерот на Русија да се прикаже како мачо маж, човек од акција. На фотографиите е рускиот претседател често прикажан без маица, додека покажува вештини во стрелаштво или се занимава со активности надвор.

Оваа година фотографиите на календарот се малку поинакви, главно се фокусираат на Путин како меѓународен државник. Нема топлес фотографии, а претседателот наместо тоа е прикажан во одело и вратоврска.

Putin releases calendar to flex strongman image

Russian President Vladimir Putin polishes his strongman image in new calendar. CNN's Brian reports.

Gepostet von CNN am Mittwoch, 27. November 2019

Објавувањето на календарот за 2020 година дошло после годините дипломатски триумфи за Путин, а лидерот токму осега прославува и битна годишнина: 20 години на највисоката положба на власта во Русиката Федерација.

Така на каледнарот се нашле негови фотографии со бројни светски лидери како што се: американскиот претседател Доналд Трамп, престолонаследниот на Суадиска Арабија Мохамед бил Салман, како и заедничка фотографија со претседателите на Франција и САД, Емануел Макрони Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел.

Еден дел од календарот е посветен и на љубовта на рускиот претседател кон животните.

На овој начин календарот ја прикажува страната на Путин како силен шеф на државата, која не е изолирана и покрај бројните санкции, но е претставен и како нежен човек.

Претходно «
Следно »