October 26, 2020, 10:19 pm

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: Ќе се намалува трошокот за извршување, ранливите категории нема да плаќаат блокирање и одблокирање на сметките

Поврзано

Ќе поскaпат ли горивата?: Од полноќ нова цена на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Согласно последната...

Горивата од полноќ со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Согласно последната...

Доаѓа нoвa „зomби криза“: Прво ќе ги пoгoди бaнkите, а она што се очекyвa мoжe caмо да го забpзa банкpoтoт

Германскиот економист Рајнт Гроп, претседател на Институтот за економија Хејл предупредува дека Германија влегува во финансиска криза поради пандемијата...
- Advertisement -

Трошоците за извршување значително ќе се намалат, а корисниците на социјална помош и граѓаните со приходи кои се изземени од извршување на банките нема да им плаќаат за блокирање и одблокирање на сметките. Ова го најави вчера министерката за правда Рената Дескоска која појасни дека трошоците ќе се намалат со нов тарифник за извршување како подзаконски акт, кој пак ќе се донесе по донесување на изменетиот Закон за извршување кој сега е во собраниска процедура.

Таа не спомена до каде ќе се оди со намалувањето на тарифите, но претходно беше најавено дека ќе изнесува од 60 до повеќе од 90 проценти.

– Се надевам дека ќе добиеме одредена поддршка и од Комората на извршителите во процесот на намалување на трошоците за извршување, зашто навистина е недозволиво граѓаните да плаќаат за долг направен пред повеќе години по 20 пати повеќе од основниот долг, рече министерката која имаше обраќање на тркалезната маса „Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување- во организација на Комората на извршителите.

За блокираните сметки на корисниците на социјална помош, на студентски стипендии, алиментации, хуманитарна помош и на другите сметки кои со закон се изземени од извршување, таа информира дека на состанок со Македонската банкарска асоцијација е договорено да не се наплатува за блокирање и одблокирање.

– Во овој предлог на законот кој сега е во собраниска процедура стои дека доколку дојде до блокирање сметка на лице кое со закон е изземено од извршување, односно има приход што не смее да се извршува, дали тоа е социјална помош, алиментација, хуманитарна помош или друг тип на заштитен приход, ниту банките ниту извршителите нема да смеат да наплатат надоместоци. Вчера јас и министерот за финансии имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, тоа беше работна средба. МБА се согласи со лимитите дадени во законот и од тој аспект тие се свесни дека она што некои банки го наплаќаат како 2.500 денари за одблокирање на сметка на лице примател на социјална помош или примател на студентска стипендија е недозволиво. Тоа е голема сума за граѓанинот, а за банките исклучувањето на овој надомест или правењето на ваква активност без надомест не е финансиски товар, информира таа.

За претседателот на Комората на извршителите Зоран Димов прифатливо е намалувањето на трошоците, но не во толкав обем како најавеното, зашто, како што вели, треба да се запази и ефикасноста на извршувањето. Според него, Комората ќе ја коментира тарифата и ќе преговара околу неа со Министерството за правда дури кога ќе се донесе, а анализите покажале дека така како што е најавено, намалувањето е преголемо.

– Со Министерстовото за правда разговараме за Закон за извршување кој во секој случај ќе биде во полза на граѓаните. Ние никогаш не сме знаеле кои физички лица се социјални случаи за да ги изземеме од извршување. Сметаме дека сме на добар пат граѓаните да добијат поволности, за социјалните случаи трошоците да бидат нула, а за другите категории граѓани кои се загрозени ние предлагаме да се намалат, меѓутоа извршувањето да остане ефикасно и да се зачува системот на извршување кој е изграден со долгогодишно работење и инвестирање во него, смета Димов и додава дека треба да се намалат и трошоците за податоците кои извршителите ги добиваат од разни институции.

Тој најави можност да има некои промени и кај категоријата граѓани со минимална плата, зашто, како што појасни, тие имаат побарувања од деведесеттите години за кои извршителите не се виновни, бидејќи ги наследиле од судот.

Димов информира дека од воведувањето на приватното извршување до сега е наплатена сума од 1,2 милијарди евра, а лани е постигнат рекорд со 170 милиони евра. Според него, извршувањето ги дисциплинирало граѓаните, па сега 99 отсто од нив си ги плаќаат сметките за комуналните услуги без интервенција на извршителите. Така, како што информира, 2006 година, кога извршителите имале најмногу работа, примиле 120.000 предмети, иако само три до четири комунални претпријатија до граѓаните доставуваат вкупно 12 милиони такви сметки, што значи дека извршителите требале да наплатат само еден процент од нив.

Според претседателот на Меѓународната асоцијација на извршители, Марк Шмит, при законските интервенции, многу битно е да се зачува независноста на извршителите, зашто, како што вели, тие се еден од трите столба на судскиот систем.

Latest News

Kopонавирусот стави клуч на пaбовите и кaфулињата во делови од Велика Британија

Велика Британија денеска регистрира 20.890 нови случаи на kopонавирус и 102 смртни случаи, покажуваат официјалните податоци. Бројот на нови случаи...

Откриено како Сорос работи пpoтив победата на Трамп на претседателските избори

Американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос не сака да го остави исходот на претседателските избори во САД на 3 ноември на случајноста. За време на...

Нелоски до Шилегов: Петре, дали ти доликува со вакви изјави, да им возвраќаш на овие наши јунаци, кои го жpтвуваат својот живот за нас?

Оние кои се во први редови, во наjkритичните ситуации, се исмејани, омаловажени и понижeни од градскиот татко со изјавата: “На оној на кого му...

Мелбурн без ниту еден нов случај на ковид, животот во градот се враќа во нормала

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на kоронавирус. Владата на австралиската држава Викторија објави дека од утре...

Ќе има анекс-договор меѓу Бугарија и Република Македонија пред да отпочнат преговорите?

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски е оптимист дека ќе се најде решение со Бугарија и во декември ќе почнеме пристапни преговори со Европската...

More Articles Like This