December 2, 2021, 4:30 am

Измeнeт сooбрaќaјниот рeжим во Скопје пoрaди гeнeрaлна прoба за прoслaвaта „30 гoдини нeзaвиснoст“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Сообраќајниот режим во централното градско подрачје во Скопје денеска поради генерална проба на централната прослава „30 години независност“, закажана за 8 септември е изменет од 07:30 до 12:30 часот и од 15:30 до 20:00 часот.

Во тој период затворени за сообраќај ќе бидат: – бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“. – ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“. – ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11-ти Октомври“. – кеј „13–ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“. – ул. „Мирче Ацев“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“. – ул. „Димитрија Чуповски“ на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски” и – ул. „Даме Груев“ од крстосница со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР-Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Latest News

Вучиќ открива: Дeмонстpaнтите на пpoтecтот беа вoopyжени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за насилството што го предизвикаа демонстрантите на протестите при блокадата на патот...

More Articles Like This