ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО САД: Анџелина Џоли ќе се соочи со Tpaмп на претседателските избори ?!

  • April 7, 2019

Актерката, режисерка и хуманитарка Анџелина Џоли е подготвена да влезе во политика и планира да се кандидира за некоја од јавните функции.

Таа моментално е многу ангажирана како амбасадор на Обединетите нации и Комесаријатот за бегалци на ОН. Иако не наведе точно за која функција е заинтересирана, се шпекулира дека тоа би можело да биде местото претседател на САД, каде авентуално би можела да го замени Доналд Трамп.

– „Никогаш не вели никогаш. Не ја ислучувам таа можност во иднина. Но засега на другите им ја препуштам улогата на водач“, рече Анџелина Џоли.

Таа не би била прва холивудска ѕвезда која се обидела во високата политика на САД. Роналд Реган стигна до Белата куќа, а Арнолд Шварценегер до гувернерското место во Калифорнија.

Претходно «
Следно »