ИЗРАЕЛ НЕМА ДА ПРОТЕРУВА ДИПЛОМАТИ: Не е во наш интерес да протеруваме дипломати, нашите интереси не се исти со оние на Велика Британија

  • March 27, 2018

Израелскиот министер за градежништво Јоав Галант изјави денеска дека Израел мора да работи она што е во негов интерес, а не во интересите на другите, и дека веројатно нема, како западните земји, да протерува руски дипломати 

Галант, поранешен воен командант задолжен за јужен Израел, изјави дека Русите не го сметаат Израел за непријател поради повеќе причини.

– Пред се, ние споделуваме некои идеи и интереси. Второ, бидејќи има повеќе од еден милион имигранти, кои дојдоа од Русија во Израел, а руската администрација ги гледа како граѓани или стари граѓани или ветерани на Русија. И трето, треба да се сетиме, што се пропорции и што се растојанија, рече тој

Затоа Израел, иако треба да се однесува како дел од западниот свет, треба, исто така, да биде горд што може да преговара, да зборува и да живее покрај Русите, рече Галант.

Претходно «
Следно »